Илер

река во сојузните покраини Баварија и Баден-Виртемберг, Германија

Илер (на германски: Iller, античко име Ilargus) — река во сојузните покраини Баварија и Баден-Виртемберг во Германија. Тоа е десна притока на Дунав, долга 146 километри. Настанува на устието на реките Брајтах, Стилах и Трзетах во близина на Оберстдорф во регионот Алгиу на Алпите, во близина на австриската граница. Од таму тече кон север, поминувајќи низ градовите Сонтофен, Именштат и Кемен.

Илер
Настанокот на Илер (сликано од авион)
Местоположба
CountryГерманија
Физички особености
Извор 
 • местоСеверни Алпи
Устие 
 • место
Дунав
 • координати
48°22′53″N 9°58′23″E / 48.38139° СГШ; 9.97306° ИГД / 48.38139; 9.97306
Должина145.9 kм (90.7 ми) [1]
Големина на сливот2,147 km2 (829 ми) [1]
Проток 
 • просечен90 m3/s (3,200 cu ft/s)
Особености на сливот
ТечениеДунавЦрно Море
Карта

Помеѓу Лаутрах во близина на Меминген и Улм, нејзиното течение ја формира границата помеѓу двете германски држави Баварија и Баден-Виртемберг во должина од околу 50 километри. Реката Илер се влева во Дунав во градот Улм.

Речниот слив на Илер има површина од 2.152 квадратни километри, со што таа е рангирана како седма од реките на Баварија со проток на вода, со просечна брзина од 75 кубни метри во секунда во Сенден, на кратко растојание од течението на Дунав. Моќта на реката се користи за производство на хидроелектрична енергија преку осум централи со вкупен нето капацитет од 51 MW.

По течението на Илер постои велосипедска патека, кој исто така е популарно место за сплаварење и пешачење.

  1. 1,0 1,1 Complete table of the Bavarian Waterbody Register by the Bavarian State Office for the Environment (xls, 10,3 МБ)