Кнежевско Езеро
Кнежевско Езеро (познато и како Езеро Кнежево) — вештачко езеро во близина на кратовското село Кнежево, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]
Кнежевско Езеро | |
---|---|
Воздушен поглед на Кнежевското Езеро | |
Координати | |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Злетовска Река |
Главни истеци | Злетовска Река |
Сливни земји | Македонија |
Најг. должина | 3 км км |
Најг. ширина | 150-200 м км |
Површина | 0,8 км2 км2 |
Најг. длабочина | 70 м м |
Зафатнина | 23.500.000 м3 км3 |
Браната на езерото е подигната на Злетовска Река.[1]
Местоположба
уредиАкумулацијата се наоѓа во непосредна близина на Кнежево, сместено на голема надморска височина од 1.020 метри. Езерото е долго 3 километри, широко 150-200 метри и со најголема длабочина од 70 метри. Зафаќа површина од 0,8 км2.[2]
Самата околина на езерото е главно шумска и живописна. Над езерото се наоѓаат високите делови на Осоговските Планини, а низводно се наоѓа атрактивната клисура на Злетовска Река.[2]
Опис
уредиБрана
уредиБраната е каменонасипна со вкупна височина од 75 метри.[1]
Историја
уредиЕзерото е создадено со преградување на Злетовска Река со каменонасипна брана кај селото Кнежево во 2010 година.[2]
Употреба
уредиАкумулацијата Кнежево било изградено најмногу за задоволување на потребите за водоснабдување на жителите на повеќе општини од Источниот регион, но во следните фази е предвидено акумулацијата да се користи и за наводнување и за производство на електрична енергија.[1]
Галерија
уреди-
Брана на езерото
-
Поглед на езерото
-
Крак на езерото
-
Објекти кај браната
-
Поглед на езерото
-
Ракав на езерото со едно од маалата на истоименото село
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „ФИЗИЧКО-ГЕОГРАФСКИ АТРАКТИВНОСТИ ВО СЕВЕРОИСТОЧНИОТ ДЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Посетено на 31 октомври 2022.
Надворешни врски
уреди- Кнежевско Езеро на Ризницата ?