Клон (португалски: O Clone) е романтична бразилска теленовела. Оваа теленовела е снимана во 2001 година, според сценариото на писателката Глорија Перес. Се снимала на локации на повеќе локации, а од најпознатите беа: Рио де Жанеиро и Мароко. Оваа теленовела стана огромен успех во целиот свет, како и кај нас, која се емитуваше во вечерниот термин на А1 телевизија. Во Бразил првата епизода достигна гледаност од 48% , а последната епизода ја гледале 62% од населението.

Клон
Жанрдрама, теленовела, религија
Создадена одГлорија Перес
УлогиЏована Антонели
Мурило Бенецио
Вера Фишер
Далтон Виг
Воведна тема"Sob o Sol"
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди250
Продукција
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување1 октомври 2001 – 15 јуни 2002
Хронологија
СледбеникЗемја на надежта (2002–2003)

Серијата кај нас моментално се репризира на Алсат М.

Синопсис уреди

Клон го води гледачот на две дијаметрално спротивни локации, Бразил и Мароко. Двата главни ликови се Жаде, муслиманка од Мароко и Лукас, католик од Бразил. Тие случано се среќаваат и се вљубуваат еден во друг. Нивните различни култури постаојано им создаваат проблеми во зедничкиот живот. Откако Жаде ќе остане без своите родители таа се преселува во Мароко кај својот стрико Али и ги учи тамошните обичаи, додека Лукас е син на богатиот стопанственик Леонидас Фераис, Лукас има брат близнак -Џого гој подоцна го губи животот за време на една хеликоптерска несреќа. Потресен од ваквата случка, кумот на Џого -научникот Албиери избезумен без свест прави негов клон кој подоцна ќе доведе до разни конфликти во серијата, како што напредува серијата веќе станува очигледно дека се случува нешто чудно во животите на Жаде и Лукас кој после многу време повторно ќе се сретнат...

Улоги уреди

Глумци Ликови
Џована Антонели Жаде
Мурило Бенисио Лукас/Диего/Лео
Вера Фишер Ивет
Региналдо Фариас Леонидас
Жука де Оливеира Албиери
Стенио Гарсија Али
Даниела Ескобар Маиза
Адриана Леса Деуза
Нивеа Марија Една
Дебора Фалабела Мел

Клон на Балканот уреди

Македонија: А1 Телевизија (Клон)
Србија: БК (Zabranjena Ljubav)
Босна и Херцеговина: ТВ СА (Zabranjena Ljubav)
Словенија: ПОП ТВ (Klon)
Бугарија: Нова ТВ (Клонинг)

Надворешни врски уреди