Класификација на растителноста
Класификација на растителноста или растителноста (синтаксономија) - оддел на фитоценологијата кој вклучува теоретски и практични методи за да ги распредели условно еднородните типови (фитоценони) од фитоценотичкиот континуум и да ги подреди во синтаксономската хиерархија.
Општи информации за класификација на растителноста
уредиКласификацијата на растителноста е централен дел на фитоценологијата. Нејзиното ниво на развој соодветствува со нивото на развој на целата оваа наука за растителните заедници.
Синтаксономијата го користи искуството на таксономијата, која уште на почетокот на дваесеттиот век била прилично развиена наука. Комплексноста на класификацијата на растителноста се должи на фактот што растителните заедници во споредба со видовите - со нивната условеност, се обединети во повеќедимензионален континуум. Додатно, растителните заедници имаат ниско ниво на интегритет, што доведува до разнообразност во архетиповите (севкупност од дијагностички одлики) на синтаксоните, која понекогаш е многу голема. Исто така, синтаксоните со помал ранг ретко се претставени со сите нивни дијагностички видови од повисоките единици. Сето ова предизвикало позначителни потешкотии во сегрегацијата на синтаксономските единици и воспоставувањето на дијагностички заедници.
Основни пристапи во принципите и методологијата на класификација
уредиПред 1970 постоеле многу пристапи во класификацијата на растителноста кои постепено еволуирале во два основни пристапи:
Доминантниот пристап ги разликува синтаксоните по доминантите од различните катови на растителната заедница. Како основна единица на доминантната класификација се јавува формацијата - севкупност на заедници со една доминанта (на пример, формација на дабови шуми) и асоцијацијата, која се определува врз основа на доминантните видови (доминанти) од различните катови (на пример, дабово-оскорушова шума со оксалис). Овој пристап е едноставен и е целосно прилагоден за растителноста од бореалните, суббореалните и суптропските шуми, однсоно во оние растителни заедници каде има неколку поглавни доминанти со силни едификаторски својства и каде растителниот покривач е окарактеризиран со висок степен на дискретност.
Меѓутоа, овој пристап е неприфатлив при класификацијата на тревестите површини, рудералната растителност, растителноста која се јавува по сечењето на шумите и пожарите, каде доминантите можат многу брзо да се менуваат на годишно (па дури и сезонско) ниво и да се одликуваат со слаби едификаторски својства, што доведува до голема варијабилност во видовиот состав на заедниците. Како резултат на сето ова се јавува континуитет и хиперконтинуалност. Токму затоа сè повеќе се популаризирал флористичкиот пристап.
Појавата на еко-флористичкиот пристап во класификацијата е поврзана со името на швајцарскиот геоботаничар Жозаја Браун-Бланке. Методот на класификација на растителноста кој е именуван по него се основа на групирање на заедниците по нивната флористичка сличност, која ги одразува еколошките услови и стадиумот на сукцесија, како и воспоставувањето на синтаксоните од пониски кон повисоки. Синтаксонот во системот на Браун-Бланке се определува според дијагностичките видови кои се делат на карактеристични, диференцирачки и константни:
- Карактеристичните видови се наоѓаат само во еден синтаксон, или пак се наоѓаат во тој синтаксон многу почесто отколку во другите;
- Диференцирачките видови ја определуваат границата на својот ареал и влегуваат во состав на неколку синтаксони;
- Константните видови покажуваат висока постојаност (константност), но тие само "транзитираат" низ даден синтаксон.
Видовите кои се константни за пониските единици можат да бидат диференцирачки или карактеристични за повисоките. Но, постои мислење кај некои автори дека границата меѓу диференцирачките и карактеристичните видови е незначителна, и тие често ги обединуваат во една група на дијагностички видови (во овој случај константните видови се разгледуваат одделно).
Создавањето, изменувањето и отстранувањето на синтаксоните се регулира од страна на "Кодексот на фитосоциолошка номенклатура", најпрво објавен во 1976 година. Постојат следните основни рангови на синтаксономската класификација (во низа): класа (со наставка -etea), ред (-etalia), сојуз (-ion), асоцијација (-etum). При одредувањето на синтаксонот се укажува на името на неговиот автор кој првпат го опишал и годината на неговото одобрување.
Синтаксономски едници име на единицата наставка пример Асоцијација -etum Angelico oleracei-Cirsietum palustris Сојуз -ion Fagion silvaticae Ред -etalia Arrhenatheretalia elatioris Класа -etea Festuco-Brometea
Помали единици име на единицата наставка пример Субасоцијација -etosum Lathyro versicoloris-Quercetum pubescentis poetosum Подсојуз -enion Acerenion pseudoplatani Подред -enalia Поткласа -enea
Списокот од сите синтаксони кои се наоѓаат во одредена област се нарекува продромус. На пример:
- класа: Vaccinio-Piceetea Br.-Bl. 1939. Д. В. (дијагностички видови) Dicranum scoparium, Pleurozium schreberi, Hylocomium splendens, Melampyrum pratense, Ptilium crista-castrensis, Pyrola minor, Pyrola rotundifolia, Peltigera aphthosa, Trientalis europaea, Vaccinium myrtillus, Vaccinium uliginosum, Vaccinium vitis-idaea
- ред: Cladonio-Vaccinietalia Kiell.-Lund 1967. Д. В. Pinus sylvestris, Cladonia rangiferina, Cladonia arbuscula, Dicranum fuscescens, Dicranum polysetum, Arctostaphylos uva-ursi, Empetrum nigrum ssp. nigrum, Ledum palustre
- сојуз: Dicrano-Pinion Libb. 1933. Д. В. Chimaphila umbellata, Diphasiastrum complanatum, Monotropa hypopitys, Pyrola chlorantha, Viscum album ssp. аustriacum
- асоцијација: Peucedano-Pinetum W.Mat. (1962) 1973. Д. В. Chimaphila umbellate, Peucedanum oreoselinum, Convallaria majalis, Polygonatum odoratum, Pulsatilla patens, Scorzonera humilis, Solidago virgaurea
- сојуз: Dicrano-Pinion Libb. 1933. Д. В. Chimaphila umbellata, Diphasiastrum complanatum, Monotropa hypopitys, Pyrola chlorantha, Viscum album ssp. аustriacum
- ред: Cladonio-Vaccinietalia Kiell.-Lund 1967. Д. В. Pinus sylvestris, Cladonia rangiferina, Cladonia arbuscula, Dicranum fuscescens, Dicranum polysetum, Arctostaphylos uva-ursi, Empetrum nigrum ssp. nigrum, Ledum palustre
Наводи
уреди- ↑ види: Владимир Николаевич Сукачев
- ↑ види: Тип на шума