Момина солза
Момина солза | |
---|---|
Момина солза | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Нерангирано: | Angiospermае |
Нерангирано: | Monocotyledones |
Ред: | Asparagales |
Семејство: | Asparagaceae |
Род: | Convallaria |
Вид: | C. majalis |
Научен назив | |
Convallaria majalis Л. |
Момина солза (Convallaria majalis) или ѓурѓовденче — единствен вид од родот Convallaria. Цвета во мај. Има ѕвонести цветови. Сите делови од растението се отровни. Таа е лековито растение и се користи за лекување на срцеви болести. Околу 38 различни срцеви гликозиди се пронајдени во момината солза, меѓу кои и: конваларин, конваламарин, конвалатоксин и др.
Распространетост
уредиМомина солза живее во Европа, но не на Средоземјето ниту крај Атлантикот.[1] Постои источна варијанта, (manschurica) што расте во Јапонија и во делови од источна Азија. Исто така во ограничен број, ова растение го има иво источниот дел од САД, познато како варијанта монтана.[2] Постои несогласување околу тоа дали ова растение е навистина ендемско во САД или е донесено.[3]
Легенди и традиции
уредиХристијанска легенда
уредиВо Македонија ова растение се нарекува Момина солза, но постои легенда според која се нарекува и Солзите на Марија. Христијанската легенда го поврзува настанокот на ова цвеќе со солзите на Богородица Марија што ги исплакала за време на распетието Христово. Според некои толкувачи на легендите, ова се солзите на Ева што ги исплакала откако со Адам биле избркани од Еденската градина.[4]
Англиското име на ова цвеќе „Крин од долината“ (lily of the valley) е употребено во некои преводи на Библијата, во песна над песните 2:1, но хебрејскиот израз shoshannat-ha-amaqim во оригиналниот текст (буквално значи крин од долината) не се однесува на овој вид растение.
Симбол е на понизност и скормност во религиозното сликарство, но исто така го означува и Второто пришествие на Христос.
Наводи
уреди- ↑ [1]
- ↑ Flora of North America : Convallaria majalis
- ↑ Gleason, Henry A. and Cronquist, Arthur, (1991), Manual of Vascular Plants of Northeastern United States and Adjacent Canada, New York Botanical Garden, Bronx, New York, pp. 839-40
- ↑ „May Birth Flower : Birth Month Flower“. Birthflowersguide.com. 2007-06-02. Архивирано од изворникот на 2018-05-22. Посетено на 2012-04-30.
„Момина солза“ на Ризницата ? |