American Corners Macedonia
American Corners Macedonia или Американски катчиња Македонија (кратенка: ACM) — американски библиотеки сместени во партнерски организации. Пристапот до американските катчиња е слободен и отворен за сите заинтересирани граѓани на Македонија.
Лого на организацијата | |
Кратенка | ACM |
---|---|
Вид | владина |
Цел | образовна |
Седиште | Битола, Скопје, Струга, Тетово и Штип |
Место | Македонија |
Регион | Македонија |
Мреж. место | acmacedonia.org |
Американските катчиња во Македонија постојат од самиот почеток на нивното создавање и се раширена во мрежа од пет катчиња низ целата територија на Македонија, вклучувајќи ги катчињата во градовите Битола, Скопје, Струга, Тетово и Штип.
Почеток
уредиСамата програма за американските катчиња низ светот е поддржана од министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави, која започнала како иницијатива пред повеќе од десет години. Моментално постојат скоро 400 катчиња во 60 држави низ целиот свет.
Основна функција на американските катчиња е да се направат достапни информациите за САД до пошироката публика низ светот. Катчињата обезбедуваат пристап до моменталните и веродостојните информации за САД преку книги, видеа, интернет и преку локални активности. Служат како регионални центри за информации и програми насочени кон американската култура, образование, историја, моменталните настани и владата.
Американските катчиња се исто така домаќин на голем број настани: културни програми, предавања со гости од американската амбасада, со Фулбрајт стипендисти и други, филмски и видео проекции, поетски читања, часови за разговор на англиски јазик, клуб на читатели, читање на приказни за деца, и многу други активности.
Американски катчиња во Македонија
уредиАмериканско катче Битола
уредиПрвото американско катче е отворено во Битола во октомври 2003 година, кое е отворено како последица на соработката помеѓу Канцеларијата за односи со јавност на американската амбасада во Скопје и Министерството за култура на Македонија.
Американско катче Скопје
уредиАмериканското катче во главниот град е отворено во јануари 2005 година како партнерство помеѓу Секторот за односи со јавност на американската амбасада, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Министерството за култура на Македонија и непрофитна организација.
Катчето ја промени својата местоположба од 2013 година и сега се наоѓа во склоп на новиот дел на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
Американско катче Струга
уредиКатчето во Струга е отворено на 30 ноември 2010 година и претставува последно од петте катчиња низ Македонија. Отворено е во соработка помеѓу Канцеларијата за односи со јавност на американската амбасада, Општина Струга и непрофитната организација.
Американско катче Тетово
уредиНа 17 јануари 2008 година е отворено американското катче во Тетово, како трето по ред во Македонија. Катчето е плод на соработката помеѓу Канцеларијата за односи со јавност на американската амбасада, Општина Тетово, Домот за културата во Тетово (како институција домаќин) и НВО „Аурора“.
Американско катче Штип
уредиЧетвртото по ред американско катче во Македонија е отворено во Штип, прво во источниот дел на земјата. Катчето било отворено на 3 март 2010 година. Било отворено преку соработка на Канцеларијата за односи со јавност на американската амбасада, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и непрофитната организација.
Надворешни врски
уреди- Матична страница (англиски)
- Страница на американската амбасада Архивирано на 7 февруари 2016 г. (англиски) (македонски)