Киро Николовски
Киро Николовски ( 1918 Скопје ― 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Киро Николовски | ||
Роден | 1918 година Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 16 април, 1945 година Врпоље, Хрватска |
Животопис
уредиИзучил берберски занает и работел во својата берберница каде ги дознавал најновите вести за Црвената Армија и партизаните. Затоа, веќе во 1942 година бил затворен од бугарската фашистичка полиција. Во септември 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада со која учествувал во завршните борби за ослободување на Македонија. Потоа заминал за Срем како искусен борец и командир на чета. Учествувал во сите борби на Бригадата од пробивот на фронтот, па сè до Врпоље. Во таа борба се пробил меѓу првите во градот, каде храбро загинал на 16 април 1945 година.