Киро Димитровски - Дандаро

Киро Димитровски - Дандаро (Битола, 5 мај 1912 - с. Поткамен, Босна и Херцеговина, 5 јануари 1942) — македонски графичар, комунистички деец и првоборец[1]. Бил активист на УРС-овите синдикати, член и секретар на МК на КПЈ во Битола (1939)[1]. Ја основал првата партиска техника на МК на КПЈ во Битола во 1940 поради што на 5/6.09.1940 бил упасен, а на 13.12 веднаш бил осуден, при што бранител му бил д-р Иван Рибар[1]. Затворската казна ја издржувал во затворите Главњача и Ада Циганлија и во Казнениот завод во Сремска Митровица, од каде што успеал да избега преку подземен тунел на 21/22.08.1941 по што станал борец на Фрушкогорскиот НОП одред од неговото формирање на 9.09.1941[1]. Работел како типограф во печатницата на весникот „Борба“ во слободното Ужице во месец октомври 1941 година[1]. Со единиците на НОВ и ПОЈ и Врховниот штаб, преку Златибор кон Нова Варош, успеале да ја евакуираат и печатницата до с.Доброселце, а тој заедно со други соборци се префрилил во Босна и се приклучил во Витешкиот вод на Романискиот НОП одред[1]. Потоа бил политички комесар на Првата чета на Петтиот шумадиски баталјон на Втората НО пролетерска бригада на НОВ и ПОЈ[1]. Загинал во борба против италијанските окупаторски сили[1]. По ослободувањето, на 18.05.1948 година, неговите посмртни останки биле пренесени во Битола, а неговото име како патрон до денес го носи, тогаш основаната битолска печатница[1].

Киро Димитровски - Дандаро
Роден 5 мај 1912
Битола, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал 5 јануари 1942(1942-01-05) (возр. 29)
с. Поткамен, Независна Држава Хрватска
Познат графичар и партизански првоборец
Занимање графичар и печатарски работник, комунистички деец и партизански првоборец

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Младеновски, Симо (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. стр. 469. ISBN 978-608-203-023-4 (1) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).