Киналиада
Киналиада (ерменски: Գնալը կղզի; грчки: Πρώτη, Проти „прв“) — остров во Мраморното Море; тој е најблиску од Принцевските Острови до Истанбул, Турција, кој се наоѓа на околу 12 километри на југ. Административно, тоа е маало во областа Адалар во Истанбул.
Киналиада значи „Островот на Хена “ на турски, бидејќи земјата има црвеникава боја од железото и бакарот што се ископани овде. Ова е еден од најмалку пошумените од групата на Принцевските Острови.
Проти бил островот кој најмногу се користел како место за егзил под Византија. Најзабележителен егзил имал царот Роман IV Диоген, по битката кај Манцикерт во 1071 година, кој останал во манастирот Преображение на врвот Христо на островот. Во текот на летото, приближно 90% од населението на островот биле Ерменци. [1] [2]
Услуги од копното
уредиДо островите се стигнува со фериботи кои тргнуваат од Кабаташ на европска страна. Патувањето трае околу 25 минути со брз ферибот и 40 минути со обичен траект.
Значајни жители
уреди- Царицата Ирина (околу 752 – 803) — византиска царица [3]
- Михаил I Рангабе (околу 770 – 844) — византиски цар
- Роман I Лекапин (870 – 948) — византиски цар
- Роман IV Диоген (околу 1030 – 1072) — прогонет византиски цар
- Забел Сибил Асадур (1863 – 1934) — ерменски поет и писател [3]
- Ешфак Ајкач (1918 – 2003) — турски фудбалер и тренер
- Захрад (1924 – 2007) — ерменски поет [3]
- Месроб II Мутафјан (1956 – 2019) - ерменски патријарх
- Хрант Динк (1954-2007) - ерменски новинар [4]
Надворешни врски
уреди- Слики на Киналиада Архивирано на 13 ноември 2021 г.
- Сè за Киналиада
- ↑ Schleifer, Yigal (July 19, 2007). „Turkey: Religious Minorities Watch Closely as Election Day Approaches“. EurasiaNet. Архивирано од изворникот на 20 May 2020.
Kinali, one of the smaller islands, is a favorite among Istanbul's Armenians.
- ↑ Schleifer, Yigal (July 28, 2005). „Istanbul's isle of diversity“. The Christian Science Monitor. Архивирано од изворникот на 21 September 2019.
Tiny Kinali, however, remains home to a bustling summertime Armenian community.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „History of the Islands“. Princes' Islands Tourism Development Center. 5 April 2013. Архивирано од изворникот на 2021-11-13. Посетено на 2021-11-13.
- ↑ „Kınalıada`ya Hrant Dink parkı!“. Korhaber. 12 September 2010.