Ким Џонг Ил
Ким Џонг Ил (корејски: 김정일, корејски ханџи: 金正日; 16 февруари 1941; според официјалната државна биографија 16 февруари 1942 – 17 декември 2011) бил севернокорејски политичар, де факто водач на Северна Кореја до 2011, бидејќи според Уставот на Северна Кореја вечен претседател е неговиот починат татко Ким Ил Сунг.[1][2][3] Ким Џонг Ил е претседател на Националната одбранбена комисија, генералното собрание на Работничката партија на Кореја и Врховен командант на Корејската народна армија. Според новиот устав, се одредил вечниот претседател и Ким Џонг Ил официјално се нарекува „Врховен водач“[4], но народот го нарекува и „Милиот водач, другарот Ким Џонг Ил“.
Ким Џонг Ил 김정일 金正日 | |
---|---|
Џонг Ил, 2011 | |
Врховен водач на Северна Кореја | |
На должноста | |
Стапил 8 јули 1994 | |
Претходник | Ким Ил Сунг претседател |
Претседател на Националната комисија за одбрана на Северна Кореја | |
На должноста | |
Стапил 9 април 1993 | |
Претседател | Ким Јонг Нам |
Премиер | Хонг Сонг Нам Пак Понг Џу Ким Јонг Ил Чое Јонг Рим |
Заменик | Џо Мјонг Рок Чанг Сунг Таек |
Претходник | Основана функција |
Врховен командант на Корејската народна армија | |
На должноста | |
Стапил 24 декември 1991 | |
Претходник | Ким Ил Сунг |
Генерален секретар на Работничката партија на Кореја | |
На должноста | |
Стапил 8 октомври 1997 | |
Претходник | Ким Ил Сунг |
Лични податоци | |
Роден(а) | Вјатское, Хабаровски крај, СССР (според руски извори) пл. Пекту, Кореја (според севернокорејски извори) |
Починал(а) | 17 декември 2011 Пјонгјанг |
Партија | Работничка партија на Кореја |
Деца | Ким Сул Сонг Ким Ил Сон Ким Џонг Нам Ким Џонг Чул Ким Џонг Ун |
Вероисповед | нема |
Наследник
уредиДо сега, како наследници на Ким Џонг Ил се споменувале неговите три сина, зет и О Кик Рјол, армиски генерал. Сепак, владата на Северна Кореја се нема воопшто изјаснето за ова.[5] Јужнокорејските медиуми објавиле дека Ким е склон кон неговиот син Ким Џонг Чул, додека западните медиуми претпоставуваат дека најмладиот син Ким Џонг Ун е можен наследник зошто бил „ист како негловиот татко“ во поглед на политичките идеали и темпрерамент. Претходно се верувало дека најстариот син Ким Џонг Нам е можен наследник, но оваа теза паднала во вода бидејќи тој бил приведен во Токио со лажен пасош.[6]
По смртта на Ким Џонг Ил,[7] неговиот син Ким Џонг Ун бил именуван како „врховен командант“ во државата.
Наводи
уреди- ↑ „Ansa.it“. Ansa.it. 28 септември 2009. Архивирано од изворникот на 2009-10-01. Посетено на 11 март 2010.
- ↑ http://www.slate.com/id/2180464/
- ↑ 10th Supreme People's Assembly. (15 септември 1998). „DPRK's Socialist Constitution (Full Text)“. The People's Korea. Архивирано од изворникот на 2013-10-28. Посетено на 1 август 2007.
- ↑ „N Korea constitution bolsters Kim“. BBC News. 29 септември 2009. Посетено на 7 мај 2010.
- ↑ „Possible successors to North Korea's Kim“.
- ↑ "Japan deports man claiming to be Kim Jong-Nam", ABC News:The World Today, 4 мај 2001 See also: Family tree BBC
- ↑ „Реакции во врска со смртта на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ил“. Global Voices на македонски. 26 февруари 2012. Посетено на 29 март 2012.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Детството на Ким Џонг Ил Архивирано на 8 март 2005 г.
- Семејните тајни на Ким Џонг Ил Архивирано на 13 февруари 2005 г.
- „Скриената ќерка“ во посета на Ким Џонг Ил
- Семејно дрво на Ким Џонг Ил - корејски
- BBC, тајното „прво“ семејство на Северна Кореја
- BBC, Ким Џонг Ил
- BBC, Кој ќе го наследи Ким Џонг Ил?