Керчки Проток
Керчкиот Проток (на руски: Керченский пролив, на украински: Керченська протока, на кримскотатарски: Keriç boğazı), во македонскиот јазик се среќава и како Керчки Теснец или Керчки Мореуз, ги поврзува Црното Море и Азовското Море. Широк е 3.1 до 15 километри и длабок до 18 метри. Името го добива по градот Керч, важно пристаниште, сместен на самиот брег на Керчкиот Полуостров. Протокот го дели Таманскиот Полуостров, во рамките на Краснодарскиот крај, Русија со Керчкиот Полуостров на Крим, спорна територија меѓу Русија и Украина, но денес двата полуострови се поврзани за сообраќај преку Кримскиот мост.
Оваа статија за место во Крим е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |