Кекеш
Кекеш (унгарски: Kékes tető) — најголем планински врв во Унгарија со висина од 1.015 метри. Се наоѓа во планинскиот венец Матра во жупанијата Хевеш.
Име
уредиНазивот Кекеш, планината го добила благодарејќи на својата, многу честа, сина боја која ја добива заради својата висина, магла и испарувањето. На унгарски јазик кек (kék) значи сино (боја), додека пак еш (es) присвојна придавка, тете (tető) значи врв, кров. Така што буквалниот превод на името на планината би бил Синкав Врв.
Занимљивости
уредиКекеш е трета, по популарност, туристичка атракција во Унгарија, по Балатон и Дунав. Самата планина е полна со хотели и скијачки стази. На самиот врв на планината се наоѓа телевизиска кула.
Авто рели
уредиТур де Хунгрија, (Tour de Hongrie) е рели организирано од страна на унгарското авто-мото друштво и секоја година се одржува на Кекеш.
Досегашни победници на разни релации биле
2001 | Тисаујварош-Кекеш | 174 км | Милош Рњаковић | Југославија | Спартак Суботица |
2002 | не е одржано | ||||
2003 | Мишколц-Кекеш | 127 km | Матија Квасина | Хрватска | Камен |
2003 | Матрахаза-Кекеш | 3,4 km | Тамаш Ленџел | Унгарија | ФТЦ |
2004 | Мазекевешд-Кекеш | 148 km | Анатолиј Варварук | Украина | Камен |
2005 | Мазекевешд-Кекеш | 93 km | Глен Чедвик | Австралија | Cyclingnews |
2005 | Матрахаза-Кекеш | 3,8 km | Тамаш Ленџел | Унгарија | П-Ниво |