Каѓеница е пештера и прибежиште - црква во Србија. Се наоѓа покрај десниот брег на Западна Морава, во близина на браната за хидроцентралата во Овчар Бања[1], во атарот на селото Дљин . Пештерата има површина од околу 50 со неколку помали „џебови“.[1] Пристапот до пештерата е уреден. Главната дворана во пештерата е сакрално-споменички простор.[1]

Капела Каѓеница

Во ѕидот на Каѓеница е направен прозорец, така што пештерата е доста добро осветлена.[1] Пред пештерата има голем крст.[1]

За време на Хаџи Продановата буна во пештерата, се криел народот од Турците. Меѓутоа, Турците го откриле прибежиштето и на влезот во натрупале грмушки и слама и запалиле оган така што народот во пештерата се задушил . Бидејќи народот се задушил во чадот (кадење) од овој настан, пештерата го добила името Каѓеница.[2] Коските на убиените во пештерата лежеле така до 1936 година.[3] кога на барање на тогашниот владика жички Николај Велимировиќ, биле погребани во два камени саркофази.[4] Приодот кон пештерата бил уреден пред почетокот на Втората светска војна.[4] Повторното уредување на пештерата и пристапот до неа бил направен во 1991 година.[2]

Каѓеница е под управа на манастирот Преображение. Секоја година на Видовден се одржува парастос.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Пећина Кађеница“. www.serbiatravelers.org. Посетено на 3 февруари 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име svetisava.
  3. "Време", 14. нов. 1936
  4. 4,0 4,1 „Кађеница, српско губилиште и светилиште“. pressonline. 14. август 2011. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на 5 февруари 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)