Катраничка гробница

древномакедонска гробница кај селото Катраница, Кајларско, Егејска Македонија

Катраничка гробница, полн назив: Катраничка македонска гробница (грчки: Μακεδονικός Τάφος στους Πύργους Κοζάνης) — древномакедонска гробница од последната четвртина на IV век п.н.е. недалеку од селото Катраница, Кајларско, Егејска Македонија.[1][2][3][4]

Катраничка македонска гробница
Μακεδονικός Τάφος στους Πύργους Κοζάνης
Влезот на гробницата
Карта
МестоКатраница, Кајларско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°40′00″N 21°50′10″E / 40.6666° СГШ; 21.8361° ИГД / 40.6666; 21.8361
Видгробница
Историја
Раздобјемакедонско

Откриена е во 1983, а ископана во 1992 г.[3] Изградена е во подножјето на планината Каракамен, на јужниот излез од селото Катраница, веднаш крај патот за Воден.[5] Нејзината положба ја потврдува претпоставката дека овдешните гробници се градени долж важни патни правци.[3]

Гробницата му припаѓа на типот големи засводени македонски гробници на видни семејства, војсководци и влијателни жени.[5] Ограбена е уште во стариот век, па затоа недостасуваат какви било украси. Има една одаја со големина од 2,83 на 2,55 м. Денес има проста фасада, покриена со белузлав малтер.[3] Заедно со соседната Војводинска гробница, оваа гробница е доказ за големото стратешко значења на оваа област во старовековната историја на Македонија.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Φωτογραφίες από τους Πύργους Κοζάνης“. Το περιπλανόμενο τουατάρα. Архивирано од изворникот на 2014-12-30. Посетено на 29 декември 2014.
  2. „ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΤΑΦΟΣ ΣΤΟΥΣ ΠΥΡΓΟΥΣ ΚΟΖΑΝΗΣ“. CallGreece.gr. Архивирано од изворникот на 2014-12-29. Посетено на 29 декември 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Μακεδονικός Τάφος στους Πύργους“. Δημοτικό Σχολείο Πύργων Κοζάνης. Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  4. „Οι Μακεδονικοί Τάφοι της Κοζάνης“ (PDF). Αρχαιολογικό Μουσείο Αιανής. Посетено на 2 јануари 2015.
  5. 5,0 5,1 „Διαδρομή 4. Απόδραση στα βουνά του βορρά. Κοζάνη – Πτολεμαΐδα – Πύργοι – Εμπόριο – Βλάστη“. Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης. Посетено на 29 декември 2014.
  6. „ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΤΑΦΟΣ ΣΠΗΛΙΑΣ ΚΟΖΑΝΗΣ“. Agro-Tour.net. Архивирано од изворникот на 2018-04-12. Посетено на 29 декември 2014.