Католицизмот во Литванија
Католичка црква во Литванија — дел од светската Римокатоличка црква, под духовно водство на папата во Рим.
Литванија е најкатоличка од сите Балтички држави: во Литванија живеат два милиони католици и тие претставуваат 79% од вкупното население (2002).[1] Земјата е поделена на осум епархии вклучувајќи и две архиепископии и воени ординаријати.[2] Во 2007 година во земјата имало 779 римокатолички свештеници и 677 парохии.[3] Литванија е најсеверната претежно католичка земја во светот, малку подалеку на север од Република Ирска.
Историја
уредиРимокатолицизмот е најголемата деноминација од почетокот на христијанизацијата на делови од Литванија во 1387 година (планинските делови) и во 1413 година (Жемајтија, низинскиот дел).[4]
Св. Казимир (Kazimieras, 1458-1484) е единствениот канонизиран светец од Литванија. Тој е патрон на земјата и на литванските млади. Архиепископот Јургис Матулајтис-Матулевичиус (1871-1927) бил беатифициран во 1987 година.[5]
Отпор кон комунизмот
уредиРимокатоличката црква е влијателен фактор во земјата и некои свештеници активно го воделе отпорот против комунистичкиот режим и по осамостојувањето на Литванија го поддржувале традиционализмот, особено во однос на етичките прашања.
Национално познатото светилиште на антикомунистичкиот отпор, Ридот на крстови, на кој се поставени илјадници крстови според латинскиот обред, се наоѓа во близина на градот Шјауљај. Подигањето на латински крстови на ридот беше забрането од страна на Руската православна црква во 19 век. Подоцна, во 20 век, советските власти исто така ги забраниле овие експлицитни религиозни симболи. Крстовите биле отстранети во 1961 година со трактори и булдожери, но и покрај советските забрани, католиците продолжиле да поставуваат мали и големи крстови на Ридот на крстови. Папата Јован Павле II го посети ридот за време на неговата посета на Литванија, пред сè затоа што тој е знак на антикомунистичкиот католички отпор, како и важно римокатоличко верскo наследство. Литванија беше единствената советска република во која католиците биле мнозинство.
Католичката црква во Литванија по независноста продолжи да води кампањи против либерални и социјалистички политики, особено во однос на етичките прашања.
Хиерархија
уреди- Римокатоличка Вилнуска архиепископија
- Римокатоличка Кајшјадориска епархија
- Римокатоличка Паневежиска епархија
- Римокатоличка Каунсаска архиепископија
- Римокатоличка Шјауљајска епархија
- Римокатоличка Телшјајска епархија
- Римокатоличка Вилкавишкиска епархија
- Воен ординаријат на Литванија
Римокатолички катедрали во Литванија
уреди- Катедрала-базилика на Св Станислав и Св Владислав (Šv. Stanislovo ir Šv. Vladislovo arkikatedra bazilika), Вилнус;
- Катедрала на Преображението на Исус Христос (Kristaus Atsimainymo katedra), Кајшјадорис;
- Катедрала Базиликата Свети Петар и Павле (Kauno šv. Petro ir Povilo arkikatedra bazilika), Каунас;
- Базилика на Архангел Михаил (Šv. arkangelo Mykolo bazilika), Маријамполе;
- Катедралата на Христа Царот, Паневежис;
- Катедралата на Свети Петар и Павле (Šiaulių šv. Apaštalų Petro ir Pauliaus Katedra), Шјауљај;
- Базилика од Раѓањето на Блажена Дева Марија, Шилува;
- Катедралата на Свети Антониј на Падова (Šv. Antano Paduviečio katedra), Телшјај;
- Катедрала на Посетата на Св. Богородица (Švč. М. Marijos Apsilankymo katedra), Вилкавишкис;
- Базилика на Посетата на Блажена Дева Марија, Жемајтска Калварија.[6]
Римокатолички цркви во Литванија
уредиПрвите цркви во Литванија биле изградени пред воведувањето на христијанството – тие биле изградени од страна на трговци и занаетчии од други земји кои живееле во Литванија. По крштевањето во 1387 година бројот на цркви во Литванија почна значително да расте. На средината на дваесеттиот век, имало околу 885 католички цркви и капели во Литванија.
Првата црква во Литванија наводно била изградена од страна на големиот војвода Миндовг во 13 век. Таа беше Вилнуската катедрала, која во својата долга историја повеќепати била уништена и обновена. Најстарата преживеана црква од камен е Св. Никола, изградена во 14 – 15 век. Таа се наоѓа во Вилнус и посетителите се восхитуваат на нејзините готски и романескни одлики. Црквата Света Ана е дело на доцната готска архитектура. Параклисот на Портата на Зората во која се наоѓа иконата на Света Дева Марија, Мајка на Милост и Немилост во Вилнус има многу одлики на доцната ренесанса и е еден од најпосетуваните свети места во Литванија. Импресивно архитектонско дело на барокот е црквата Св. Петар и Св. Павле во Вилнус. Најстарата дрвена црква во Литванија се наоѓа во Палусе, Игналинска област.[7]
Католички организации во Литванија
уреди- Ateitis: организација за католички деца и млади, член на Fimcap
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Romos katalikų daugiausia“ (PDF) (литвански). Department of Statistics to the Government of the Republic of Lithuania. 2002-11-07. Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-12-29. Посетено на 2018-05-31.
- ↑ GigaCatholic Directory
- ↑ Catholic Hierarchy Catalog
- ↑ Foreword to the past: a cultural history of the Baltic people by Endre Bojtár, p. 140
- ↑ Lithuanian Saints and Witnesses of Faith on the Official Page of Catholic Church in Lithuania
- ↑ GCatholic Directory
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-06-14. Посетено на 2018-05-31.
Надворешни врски
уреди- Katalikų Bažnyčia Lietuvoje / Catholic Church in Lithuania
- Official web site of Lithuanian Catholic Church
- Sanctuaries and Pilgrimage Sites in Lithuania
- . Catholic Encyclopedia. New York: Robert Appleton Company. 1913.