Катедрала „Св. Андреј“ - Пицунда

Катедралата „Св. Апостол Андреј“, исто така позната како Катедрала Пицунда или Патријаршијска катедрала (грузиски: ბიჭვინთის ტაძარი) — грузиска православна катедрала која се наоѓа во Пицунда, во Гагриска област, во де факто независна Република Абхазија, меѓународно признаена како дел од Грузија. Катедралата моментално се користи од страна на Абхазиската православна црква и служи како седиште на тоа тело, иако оваа употреба е оспорена од страна на Грузија и се смета за неправилна од страна на источноправославната заедница.

Катедрала „Св. Андреј“
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Georgia" does not exist
Основни податоци
МестоПицунда  Грузија/ Абхазија [1]
Координати43°09′36″N 40°20′20″E / 43.159889° СГШ; 40.339° ИГД / 43.159889; 40.339
Припадностде факто: Абхазиска православна црква /
де јуре: Грузиска православна црква
ЕпархијаГагриска област
ПодрачјеКавказ
Статусактивна
Мреж. местоPipe organ of Pitsunda
Архитектонски опис
Архитектонски стилВизантиска архитектура
КтиторБаграт III
Завршенкрај на 10 век
Особености
Должина37
Ширина25
Висина (најг.)29
Куполи1

Катедралата Пицунда била изградена кон крајот на 10 век од страна на кралот Баграт III. Служела како седиште на грузискиот православен католикосат на Абхазија до крајот на 16 век, кога Абхазија паднала под османлиска хегемонија. Според францускиот патник Жан Чардин, католикосот кој повеќе не живеел во Пицунда, еднаш годишно ја посетувал катедралата со свикување на епископите и принцовите за да изврши миса[2]. Катедралата била реконструирена во 1869 година кога Абхазија веќе била дел од Руското Царство.

Основата на катедралата е правоаголна со вкрстена купола, три кораби и три апсиди, обликувани како правоаголник со продолжени полукружни апсиди. Катедралата е препознатлива по својата импресивна големина, достигнувајќи височина од 29 метри (вклучувајќи ја и куполата), долга 37 метри и широка 25 метри, додека ѕидовите се дебели до 1,5 метри. Ѕидовите се составени од наизменични редови од камен и тула, типична техника за доцно-византиската архитектура. Катедралата содржи остатоци од ѕидното сликарство од 13 и 16 век. Грузискиот ракопис од четирите евангелија од 12 век, кој се наоѓал во катедралата од 1830 година, сега се чува во Грузискиот национален центар на ракописи во Тбилиси.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Државниот статус на Абхазија е спорен. Себеси се смета за независна држава, но признаена е само од неколку други земји. Грузиските власти и останатите земји во светот сметаат дека Абхазија дејуре е дел од Грузија. Во Грузија таа важи за автономна република, чија влада е во прогонство во Тбилиси.
  2. Акты собранные Кавказскою Археографическою Комиссиею (Acts of Caucasian Archeographic Commission), v. 5, pp. 1069-1070, cited by Экзеков, Мусса (2012). По обе стороны Большого Кавказа. Сборник документов (1-я половина XIX века). Том II. Питер. стр. 574–575. ISBN 9785459008906.

Надворешни врски

уреди