Каталонска човечка кула

Каталонската човечка кула е гимнастичка формација изградена традиционално за фестивали во дел од Каталонија (Шпанија), која сега се наоѓа во остатокот од Каталонија, на Балеарските Острови и во Валенсија.

Човечка кула од 2019 г.

На 16 ноември 2010 година, овие формации биле прогласени од УНЕСКО за ремек-дела на усното и нематеријалното наследство на човештвото.

Потекло

уреди

Иако е основана на претходно традиционална Муишеранга од Алгемеси во Валенсија, традицијата за човечки кули во Каталонија потекнува од група во градот Валс,[1] во близина на градот Тарагона, првпат документирани во 1712 година.[2] Во текот на 18 век, се прошириле и во други градови во областа, а дури во последните 50 години практиката на градење човечки кули почнала да се шири во остатокот од Каталонија.[1] Интересот за овие формации почнал да расте во 1960-тите и 1970-тите. Во 1980-тите, со вклучувањето на жените во оваа дисциплина овозможило кулите да се градат и на 9 и 10 ката.[3] Додека биле во Каталонија, групата се фокусирала повеќе на акробатската природа на градењето на сѐ повисоки човечки кули.

Во 2015 година 99 групи учествувале во настан, вклучувајќи ги и групите кои ја конструирале највисоката човечка кула досега, 10 нивоа на луѓе со по четворица на секое ниво. Овие икони на каталонската култура и спорт биле претставени на церемониите на отворање на Летните олимписки игри во Барселона 1992 година.

Кастел (кулата)

уреди

На каталонски, зборот castell буквално се преведува како замок, но неговото значење во овој случај е човечка кула.[4]

Човечката кула се смета за успешна кога склопувањето и расклопувањето може да се направат целосно едноподруго. Акробацијата е завршена штом сите кастелери ќе се искачат на нивните назначени места, и оној што е најгоре ќе се искачи на своето место на врвот и ќе крене една отворена рака.

Настрана од луѓето кои се качуваат за да ги формираат горните делови на кулата, потребни се други за да се формира долната основа на кулата, за да се одржи нејзината тежина. Членовите на основата (најчесто мажи)[5] исто така дејствуваат како „заштитна мрежа“ доколку структурата на кулата се урне, амортизирајќи го падот на луѓето од горните нивоа.

Облека

уреди
 
Тројца кастељери облечени во традиционални униформи со бели панталони и појас што се користи како потпора и држач.

Вообичаено е членовите на групата да носат бели панталони, црн појас, бандана и кошула во боја карактеристична за дадена кола, често со амблем на тимот. На пример, тимот Кастељери на Барселона носи црвени кошули додека Кастељери на Вилафранка носат зелени кошули.[6]

Појасот е најважниот дел од нивната облека. Ја претставува традицијата како целина. Се верува дека појасот го поддржува и долниот дел на грбот и го користат другите членови на тимот како потпора или држач кога се искачуваат на кулата. Ова парче ткаенина варира по должина и ширина и зависи од положбата на учесникот внатре во кулата, како и од изборот. Должината на појасот се движи од 1,5 до 12 метри, и обично е пократок за оние што се повисоко на кулата. Учесниците обично се боси за да се минимизираат повредите еден на друг додека се искачуваат до своите позиции, а исто така и заради чувствителноста при балансирање и подобро да се чувствуваат и да се држат еден со друг.

Структура

уреди

Распоредот на учесниците може да биде во повеќестепена структура, а највисоката има височина која се протега од девет или десет луѓе од земјата нагоре.[7][8] Мотото на кастељерите е Сила, рамнотежа, храброст и здрав разум“.[9] Ова мото е преземено од стих на Жозеп Анселм Клаве, каталонски политичар и композитор.[10]

Безбедност

уреди

Несреќите се ретки за време на изградбата на човечката кула, сепак, како и на секој друг преполн културен настан, во близина се стационирани амбулантни возила во случај на некое лице да му треба итна помош. Се случуваат фатални несреќи, а една несреќа е од 15 септември 2011 година кога маж го скрши вториот вратен пршлен откако падна од човечката кула. На 23 јули 2006 година, во Матаро, еден млад каталонец паднал при формирањето на човечката кула и починал.[11] Ова довело до барање за специјално дизајнирани шлемови за сите деца кои учествуваат во оваа акробација. Има само четири регистрирани смртни случаи од учество во човечките кули. Од воведувањето на шлемовите, немало случаи на трауматски повреди на мозокот кај децата кои учествуваат во замоците.[12]

 
Споменик во Тарагона

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Los 'castells', Patrimonio de la Humanidad“ (шпански). El País. 16 November 2010. Архивирано од изворникот на 24 April 2015. Посетено на 12 October 2014.
  2. Català i Roca, Pere. „ELS CASTELLS DELS XIQUETS DE VALLS“. VALLS SONS I MÚSIQUES DE FESTA (каталонски). Архивирано од изворникот на 16 October 2013. Посетено на 12 October 2014.
  3. „La participació de la dona en el món casteller ha permès l'evolució tècnica que marca l'actual "època d'or". Televisió 3. CCMA. 27 October 2013. Архивирано од изворникот на 15 October 2017. Посетено на 27 March 2017.
  4. „Catalunya.com“. www.catalunya.com. Архивирано од изворникот на 2020-10-19. Посетено на 2020-10-19.
  5. „Euromaxx on tour: Vilanova i la Geltrú“. Deutsche Welle. August 2009. Архивирано од изворникот на 2012-07-28. Посетено на 15 August 2009.
  6. Bencomo, Aida Ribot, Castells in The Construction of a Catalan Community: Body, Language, and Identity amidst Catalonia's National Debate. University of California San Diego. 2020.
  7. Bienias, M. (2009-04-30). „Catalonia's human castles“. vrmag.org. Архивирано од изворникот на 22 November 2008. Посетено на 15 August 2009.
  8. „DOXA Documentary Film Festival - press kit“ (PDF). doxafestival.ca. May 2007. Архивирано од изворникот (PDF) на 6 July 2011. Посетено на 15 August 2009.
  9. del Campo, Esther (2009-10-25). „In the city - Human towers break frontiers“. European Commission, Directorate General Enlargement. Архивирано од изворникот на 14 April 2009. Посетено на 15 August 2009.
  10. Miralles, Eloi. Fem Pinya! Els castells, símbol i expressió del nostre poble. Barcelona: Diàfora, 1981.ISBN 84-85205-37-5.
  11. „A 12 year old girl dies after falling off a "castell". August 4, 2006. Архивирано од изворникот на August 25, 2016. Посетено на July 7, 2014.
  12. „L'ABeCeDari actual dels castells“. Revista Castells (каталонски). 6 September 2017. Архивирано од изворникот на 12 August 2019. Посетено на 12 August 2019.

Надворшни врски

уреди