Карура
Карура (јапонски: 迦楼羅) — божествено суштество со човечки труп и птичја глава во јапонската будистичка митологија. Името е транслитерација на името на хиндуистичкото птичјо божество Гаруда. Се вели дека Карура е огромна, дише оган, и се храни со змејови и змии, исто како што Гаруда се јавува како проклетството на Нага. Само змеј што поседува будистички талисман, или оној што се преобратил во будистичкото учење, може да избега неповреден од Карура. Се тврди дека нејзиното живеалиште ѝ е Шумисен или планината Меру.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ Shinchosha (1985). 新潮世界美術事典 [Shincho Encyclopedia of World Art]. Shinchosha. ISBN 4-10-730206-7.
- ↑ Shinmura, Izuru (1976). 広辞苑 [Kōjien]. Iwanami.. Japanese dictionary, 2nd revised edition
Надворешни врски
уреди