Карпеста ластовичка

Карпеста ластовичка
Five small brownish swallow-like birds perched on a roof
Карпести ластовички на кров
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Ластовици
Род: Ptyonoprogne
Вид: Карпеста ластовичка
Биномен назив
Ptyonoprogne rupestris
(Scopoli, 1769)
       Breeding range
       Resident year-round
       Non-breeding range
(ranges are approximate)
Синоними

Hirundo rupestris

Карпестата ластовичка (Ptyonoprogne rupestris) е мала врапчевидна птица. Се размножува на планините во јужна Европа, северозападна Африка и јужна Азија. Ја има и во Македонија.

ОписУреди

 
Група ластовички на карпа

Карпестата ластовичка е долга од 13-15 см со распон на крилјата од 32-34 см, и просечно тежи околу 23 гр. Има пепелаво-кафеав горен и посветол долен дел, и има пошироко тело, крилја и опашка за разлика од другите европски ластовички. Опашката им е кратка, квадратна со различни бели шари на пердувите. Делот под крилјата и опашката им е најчесто црн, а нозете кафеаво-розеви. Половите се слични меѓусебе, но младите имаат светложолто-кафеави завршетоци на предувите на главата, крилјата и горниот дел. Летот на оваа ластовичка е прилично бавен за овој вид птици. Оваа ластовичка често лета прилично високо. Звуците кои ги испушта се кратко и високо пли, пииех и тсхир, и потсетуваат на звуците на градската ластовичка.

Распространетост и живеалиштеУреди

 
Легло во Шпанија

Карпестата ластовичка се размножува на планините во Пиринејскиот Полуостров, од северозападна Африка па сè до јужна Европа, Персискиот Залив и Хималаите и во југозападна и североисточна Кина.

ОднесувањеУреди

РазмножувањеУреди

 
Гнездо со млади
 
Ptyonoprogne rupestris - MHNT

Карпестата ластовичка се размножува на суви, топли и засолнети карпи во планинските предели со карпи и пештери. Овие ластовички се размножуваат во единечни гнезда или во колонии со околу 10 гнезда. Гнездата се оддалечени едно од друго околу 30 м и секој од родителите се однесува многу заштитнички и агресивно си го брани гнездото од другите ластовички и птици. Гнездењето се прави во периодот од мај до август, и најчесто имаат две легла. Гнездото се гради од страна на двата родитела, и е во форма на полуотворена шолја направена од кал и мек материјал како предуви или сува трева. За изградбата на гнездото се потребни од 1-2 недели и се употребува повеќепати. Се несат од 2 до 5 бели јајца со кафеавкасти дамки. Јајцата се со просечни димензии 20.2 x 14.0 см, и тежат околу 2.08гр. Инкубацијата трае 13-17 дена.

ИсхранаУреди

 
Карпеста ластовичка во лет

Оваа ластовичка се храни најчесто со инсекти кои ги фаќа во лет, иако понекогаш јаде и инсекти од камења, земја или вода. За разлика од другите видови овој вид се храни во близина на нивното место за размножување.

НаводиУреди

  1. „Species factsheet Hirundo rupestris. BirdLife International. Retrieved 26 March 2010

Користена литератураУреди

  • Ali, Salim; Ripley, Sidney Dillon D (1986). Handbook of the birds of India and Pakistan. 5 (изд. 2.). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-561857-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Grimmett, Richard; Inskipp, Carol; Inskipp, Tim (2002). Birds of India. London: Christopher Helm Publishers Ltd. стр. 226. ISBN 0-7136-6304-9.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Hume, Allan Octavian (1890). The nests and eggs of Indian birds. 2 (изд. 2.). London: R H Porter.
  • Mullarney, Killian (1999). Collins Bird Guide. London: HarperCollins. ISBN 0-00-219728-6. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  • Rasmussen P C; Anderton, J C (2005). Birds of South Asia: The Ripley Guide. 2. Smithsonian Institution & Lynx Edicions. ISBN 84-87334-66-0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  • Reichenbach, Heinrich Gustav (1850). Avium systema naturale (германски). Dresden and Leipzig: F. Hofmeister.
  • Scopoli, Giovanni Antonio (1769). Annus I Historico-Naturalis (француски). Lipsiae: Christian Gottlob Hischeri.
  • Snow, David (1998). The Birds of the Western Palearctic concise edition (2 volumes). Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-854099-X. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  • Turner, Angela K; Rose, Chris (1989). A handbook to the swallows and martins of the world. London: Christopher Helm. ISBN 0-7470-3202-5.

Надворешни врскиУреди