Карлос Чавес
мексикански композитор
Карлос Антонио де Падуа Чавес и Рамирес (шпански: Carlos Antonio de Padua Chávez y Ramírez, 13 јуни 1899 - 2 август 1978) — мексикански композитор, диригент, учител, новинар и основач и директор на Националниот Симфониски Оркестар на Мексико. Бил под влијание на домородните мексикански култури. Од неговите шест симфонии, најпозната е Втората Симфонија, наречена Индијанска Симфонија (Sinfonía India) во која се користат перкусиони инструменти на племето Јаки.
Карлос Чавес | ||
Роден | Карлос Антонио де Падуа Чавес и Рамирес 13 јуни 1899 Попотла, Мексико | |
---|---|---|
Починал | 2 август 1978 Мексико, Мексико | |
Националност | Мексиканец | |
Познат | Индијанска Симфонија, основач на Националниот Симфониски Оркестар на Мексико | |
Занимање | Композитор | |
Сопружник | Отилија Ортиз | |
Татко | ||
Родители | Аугустин Чавес | |
Деца | Анита Чавес |
Во неговото време, Карлос Чавес бил највлијателниот композитор во земјата, градејќи рафиниран и класичен музички израз. Освен шесте симфонии, има напишано повеќе од 200 дела, меѓу кои и балети и опери.