Карлајл (англ. Carlisle) ― град во северозападна Англија и главен град на грофовијата Камбрија (Камберленд). Карлајл се наоѓа на 13 километри од шкотската граница. Градот е сместен на сливот од 3 реки: Иден, Колдју и Петерил.

Карлајл
[[Податотека:
||240px]]
Панорама на градот, катедралата во Карлајл, старото градско собрание, замокот во Карлајл и тврдината
Население 74,281 (2021)
    - Лондон  261 ми (420 kм) 
Церемонијална грофовија Камбрија
Регион Северозапад
Земја Англија
Суверена држава Обединето Кралство
Полиција  
Пожарна  
Итна помош  
ЕУ парламент
Список на места: ОК • Англија • Камбрија

Карлајл бил основан како римска населба за да служи како упориште долж Адријановиот ѕид во Римска Британија. Во IX век, градот бил уништен од Данците, а подоцна бил обновен од Вилијам Црвениот. Поради близината со Шкотска, тврдината во Карлајл (изградена од Вилијам Црвениот) и градот станале важно воено упориште во средниот век. Замокот служел како затвор за шкотската кралица Мери во 1568 година.

Во 19 век, за време на индустриската револуција, започнал процес на социоекономска трансформација на Карлајл, кој прераснал во густо населен мелнички град. Ова, заедно со неговата стратешка местоположба, му овозможило на Карлајл да се развие како важен железнички град, со седум железнички компании кои ја делат железничката станица. Во близина на градот има аеродром. Исто така во градот се наоѓа Камбрискиот универзитет и има многу музеи.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
  • Cumbria County History Trust: Carlisle (nb: provisional research only – see Talk page)
  •   „Carlisle (England)“ , Encyclopædia Britannica, 5 (11. изд.), 1911, стр. 341–342
  • Carlisle and Hadrian's Wall Country