Канал 8 e регионален телевизиски канал од Кочани, Македонија. Ги покрива териториите на општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново - Облешево.

Канал 8
Лого на Канал 8.jpg
Отпочната2009
СопственикБлагој Ситновски
ДржаваКочани, Македонија Македонија
Област на емитувањеКочани, Виница, Чешиново-Облешево, Зрновци
Седиштеул. “Гоце Делчев“, бр. 13
Веб-странаКанал 8

Дозволата за вршење на радиодифузната дејност ја добила од Советот за Радиодифузија на Македонија на 26 ноември 2008 година, додека официјално со работа започнала на 18 февруари 2009 година, на подрачјето на Кочанскиот регион.

Програмата се емитуваше на 46 канал во UHF опсег, 24 часа дневно. Со воведувањето на дигитализацијата на телевизииите од 1 јуни 2013 година, аналогниот сигнал беше исклучен, а програмата продолжи да се емитува преку кабелските оператори во четирите општини во регионот.[1] Телевизискиот програмски сервис е на македонски јазик, со претежно забавен општ формат.

НаводиУреди

  1. „Кочани: Нов локален канал“. Текелабел. Архивирано од изворникот на 2012-09-17. Посетено на 2012-11-01.

Надворешни врскиУреди