Аналоген сигнал
Аналоген сигнал e континуиран сигнал каде што некоја временски променлива големина на сигналот претставува репрезенцација на некоја друга временски варијабилна големина. Се разликува од дигитален сигнал по тоа што малите флуктуации на сигналот не се занемарливи.
Аналогниот сигнал користи некое својство на медиумот низ кое се простира за да ја пренесе информацијата. На пример анероидниот барометар ја користи вртечката позиција на стрелката како сигнал а промена на притисокот. Во електричен домен најчесто користено својство е напонот или честотата.
Секоја информација може да се претстави со аналоген сигнал, најчесто со мерење на таа големина како промена во физичката средина, на пример звук, светлина, температура, поместување или притисок.
На пример, во снимање на звукот се користат флуктуации во воздушниот притисок кои се пренесуваат на дијафрагмата на микрофонот што придонесува до соодведни флуктуации на напонот или струјата во електрично коло. За напонот или струјата се вели дека се "аналогни" на звукот.
Бидејќи аналогниот сигнал има теоретски неограничена резолуција, тој секогаш ќе има повисока резолуција од било кој дигитален систем каде што резолуцијата е претставена со дискретни чекори. Во пракса, аналогните системи се покомплекси, ефектите како што се нелинеарноста и шумот ги деградираат перформансите и аналогната резолуција, па дигиталните системи далеку ги надминуваат.
Недостатоци
уредиГлавен недостаток на аналогните сигнали е тоа што во секој систем има присутво на шум – т.е. случајни варијации. Како што сигналот се пренесува или се репродуцира, овие случајни варијации стануваат доминантни. Во електрична смисла овие загуби можат да се намалат со оклопување, добри конектори и користење на квалитетни кабли.
Ефектите на шумот се нереверзибилни затоа што со засилување на сигналот се засилува и присутниот шум. Дури и кога резолуцијата на аналогниот сигнал е поголема од резолуцијата на дигиталниот, разликата е занемарлива поради присуство на шумот.
Поврзано
уредиОваа статија за електрониката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |