Канал Телтов
Каналот Телтов (германски: Teltowkanal) — канал јужно од Берлин, Германија. Каналот се наоѓа во обете покраини, Берлин и Бранденбург, и во еден дел претставува нивна меѓусебна граница. Го добил името по истоимениот град во Бранденбург, кој се наоѓа на неговиот тек.[1] Каналот бил граден помеѓу 1900 и 1906 кога бил отворен од Вилхелм II.[2]
Каналот е долг 37,83 километри и ја поврзува реката Хафел близу градот Потсдам со реката Даме близу Кепеник во источните предградија на Берлин. Даме обезбедува врска до Каналот Одра-Шпре и оттаму до реката Одра и Полска. Иако Даме е притока на реката Шпре, и самата пловна притока на Хафел, Каналот Телтов нуди предност преку заобиколување на центарот на Берлин, особено тешкиот речен сообраќај.[1]
На неговиот западен крај, Каналот Телтов поминува низ Грибницското Езеро, кое е поврзано со Хафел во Потсдам. Каналот Грибниц обезбедува втора врска до Хафел од источниот крај на езерото. Кон неговиот источен крај, Каналот Телтов е поврзан со Каналот Ландвер, додека Каналот Бриц го поврзува Каналот Телтов со Шпре.[1]
Тука се наоѓа единствената брана на каналот, кај Клајнмахнов. Каналот е пловен за бродови со длабочина до 1,75 метри и со максимално растојание од 4,4 метри[1]
Наводи
уреди„Канал Телтов“ на Ризницата ? |
52°26′47″N 13°28′14″E / 52.44639° СГШ; 13.47056° ИГД
Оваа статија за место во Берлин е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |