Камчатка (река)
река на истоимениот полуостров во Далечниот Исток на Русија
Камчатка (руски: Камчатка) — значајна река на полуостровот Камчатка во Далечниот Исток на Русија. Се влева во Камчатскиот Залив во Тихиот Океан. Во некои делови на коритото реката е пловна. Долга е 758 км, а сливот ѝ зафаќа површина од 55.900 км2. Средната надморска височина на сливот е 560 м, додека пак вкупниот пад (висинска разлика) од изворот до утоката изнесува 1.2000 м при среден наклон од 1,58 ‰[1].
Камчатка | |
---|---|
![]() | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Тихи Океан |
Должина | 758 км |
Особености на сливот |
Во поречието се наоѓаат населените места Миљково, Кључи и пристанишното место Уст Камчатск. Во горното течение го носи името Езерска Камчатка (Озёрная Камчатка)[2].
Реката изобилува со лосос кои им даваат издршка на домородните Ителмени[3] и поддржуваат стопански и разоноден риболов.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ Бугаев В. Ф. (2007). Рыбы бассейна реки Камчатки (численность, промысел, проблемы) (PDF). Петропавловск-Камчатский: Камчатпресс. стр. 192.
- ↑ Ресурсы поверхностных вод СССР: Гидрологическая изученность. Т. 20. Камчатка / под ред. В. Ч. Здановича. — Л.: Гидрометеоиздат, 1966. — 260 с.
- ↑ Карта 3.7 (Камчатка) од од збирката изготвена за Меѓународната програма за Северниот морски пат, Работен документ бр. 90, 1997 г. (англиски)
Надворешни врскиУреди
- Камчатка (река) на Ризницата ?
- Камчатка — Голема руска енциклопедија (руски)
- Камчатка (река) — Енциклопедија Британика (англиски)
Оваа статија за место во Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |