Каменец (Брезово)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Каменец“
| |
Местоположба | 41°20′31″N 21°07′37″E / 41.34194° СГШ; 21.12694° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Брезово |
Општина | Демир Хисар |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Каменец — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Брезово. Претставува населба, некропола и топилница од доцноантичко време. Се наоѓа источно од селото на околу 2 км, високо во планинскиот предел, а во непосредната близина на чешмата. Во ливада на месен жител се откриени остатоци од населба (фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди), како и голем број парчиња од топена железна руда. Според кажувањето на мештаните, во нива на еден друл месен жител, која се граничи со споменатата ливада, биле откопани повеќе гробови градени од камени плочи, со гробни прилози од белезици, крстови, монети и др. кои не се зачувани.[1]
Поврзано
уреди- Црквиште — црква и некропола од средниот век;
- Габер — црква од средниот век;
- Брезово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |