Камбанарија на Иван Велики

Камбанаријата посветена на Иван Велики (руски: Колокольня Ивана Великого) е највисоката градба која се наоѓа во Московскиот Кемљ во Русија. Нејзината висина изнесува 81 метар, или 266 стапки[1].

Камбанарија на Иван Велики
Колокольня Ивана Великого
Основни податоци
МестоМосква, Русија
Припадностправославие
ЕпархијаМосковски Кремљ
Осветен1508
ВодствоРуска Православна црква
Архитектонски опис
Архитект(и)Бон Фријазин
Архитектонски стилРуска архитектура
Особености
Висина (најг.)81 метар

Во 1329 година на местото на денешната црква била изградена црква која била посветена на Свети Јован Лествичник. Денешниот објект бил изграден по смртта на Иван III Василевич во 1505 година. Тогаш, неговиот син Василиј III Московски наредил да се изгради нова кула, која ќе биде посветена на својот татко. Во периодот од 1505-1508 година била изградена новата кула, каде била сместена и камбанаријата. Како главен архитект бил избран италијанецот Бон Фријазин.

Долги години, оваа црква била највисоката во градот Москва, сè до изградбата на црквата Исус Христос Спасителот. Освен ова, во текот на времето по нејзната изградба било забрането да се изгради повисока градба од црквата.

Наводи

уреди

55°45′3″N 37°37′5″E / 55.75083° СГШ; 37.61806° ИГД / 55.75083; 37.61806