Калјампуди Рао
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Калjампуди Радакришна Рао (канадски: ಕಲ್ಯಂಪುಡಿ ರಾಧಾಕೃಷ್ಣ ರಾವ್, телушки: కల్యంపూడి రాధాకృష్ణ రావు; 10 септември 1920 – 22 август 2023) — индиски математичар и статистичар. Работи 40 години во Индија , во Индискиот институт за статистика, каде што по пензионирањето на 60 годишна возраст заминува во САД и продолжува да работи уште 25 години на Универзитет во Питсбург и Државниот универзитет во Пенсилванија.
Живот и дејност
уредиК.Р. Рао е роден во , Карнатака на 10 септември , 1920 година . Магистирал математика на Универзитетот Андра , Андра Прадеш, а статистика на Универзитетот Калкута во 1943. Тој бил еден од првите луѓе во светот кои магистрирале во областа на статистиката.
Академска кариера
уредиК.Р. Рао магистрирал математика во прва класа и прв ранг на Универзитетот Андра (1941) и магистрирал статистика на Универзитетот Калкута (1943) во прва класа, прв ранг со рекордни оцени кои до денес никој не успеал да ги достигне, а стекнал и златен медал. Тој бил повикан да работи на проект во Музејот на антропологија и археологија на Универзитет во Кембриџ, Велика Британија. Врз основа на работата на проектот , тој докторирал во 1948 година на Универзитетот Кембриџ со Р.А. Фишер, таткото на модерна статистика, како негов советник. Во 1965 година се стекнал со звање доктор на науки врз основа на рецензија на неговото истражување за придонесите за статистиката. Почесни докторски дипломи: До денес, тој добил 36 Почесни докторски дипломи од универзитети во 19 земји ширум светот.
Дела
уредиК.Р. Рао е автор на 14 книги и околу 400 научни трудови. Негови значајни дела се:
- Linear Statistical Inference and its Applications
- Statistics and Truth
Награди и признанија
уреди- Златен Гајов медал (2011)-Кралско статистичко општество
- Награда за наука Индија (2010)-највисоката награда во областа на науката која се доделува од страна на Индиската влада
- Меѓународни Mахаланобис награда (2003)- Меѓународен статистички институт
- Медал „Шриниваса Рамануџан“ (2003)-Индиска национална академија на науки
- Претседателот Џорџ Буш на 12 јуни 2002 година го почестил со Националниот медал за наука, највисоката награда во САД во научната област како "пророк на новата ера" со цитат, "за неговите пионерски придонеси за основите на статистичкита теорија и мултиваријантната статистичка методологија и нивните апликации, збогатување на физички, биолошки, математички, економски и инженерските науки. "
- Падма Вибушан (2001)-Влада на Индија
- Mахаланобис златен медал на векот (1993)-Индиски конгрес на науки
- Вилс спомен награда (1989)- Американски завод за статистичка асоцијација
- Мегнад Сахад медал (1969)- Индиска нациоанална академија на науки
- Сребрен Гај медал (1965)- Кралското статистичко општество
- С.С. Батнагар награда (1963)-Совет за научно и индустриско истражување
- Боше златен медал-Боше Институт
- Златен медал -Универзитетот во Калкута
- К.Р. Рао е награден за почесен доктор на науки на Универзитетот во Калкута во 2003. Исто така е и добитник на почесни докторати во голем број универзитети и институти од целиот свет.