Калуѓерка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Дождосвирни
Семејство: Блатарки
Род: Калуѓерки
Вид: Калуѓеркa
Научен назив
Vanellus vanellus
(Linnaeus, 1758)
Распространетост: сино - зимување; жолто - размножување; зелено - постојан жител.
Синоними

Tringa vanellus Linnaeus, 1758

Калуѓерка (научVanellus vanellus) — честа птица во умерена Евроазија. Птица преселница е, која зимува во северна Африка, северна Индија, Пакистан, и делови од Кина. При преселбата лета дење, често во големи јата. Низинската популација од најзападните области на Европа се постојани жители (резидентни). Тие понекогаш се движат кон Северна Америка, особено по бура. Во Канада се забележани по бура, во декември 1927 и во јануари 1966 година.[2]

Калуѓерката ја има и во Македонија.

Опис

уреди
 
Пиле
 
Vanellus vanellus јајце

Калуѓерката е долга 28-33 см, со распон на крилјата 67-87 см и тежина од 128 до 330 грама.[3] Има округли крилја и тенка, долга пувка (креста) на главата. Нозете ѝ се најкратки од нејзиниот вид. По боја е црно-бела, но грбот ѝ е со зеленикав сјај. Мажјакот има долга цуцулка (пувка) и црни круна, грло и гради кои се во контраст со белото лице. Женките и младенчињата имаат помала пувка и послабо изразено лице, а во останатиот дел од телото се слични со мажјаците. Кога лета, се слуша јасниот звук на павтањето со крилјата, како и кога се брани од напаѓачи.

За време на сезоната на парење се огласуваат со постојани повици. Типичен повик за контакт е гласно, пискливо пии-уит пии-уит, а мажјаците се додворуваат со пии-уит-уит-уит из-уит додека летаат наоколу и испуштаат и други звуци слични на мрачно и развлечено мјаукање. Калуѓерката е територијална птица која активно си ја брани територијата на гнездење и хранење. Активна е и ноќе, па гнездото го брани од сите животни кои смета дека ја загрозуваат. Кога непријателот ќе му се приближи на гнездото, калуѓерката го надлетува, пискливо го испушта својот карактеристичен повик, и напаѓа правејќи нагли замавтувања со крилјата, како да му се скршени.

Исхрана

уреди

Калуѓерката претпочита да се храни ноќе, ако има месечева светлина. Се храни секогаш во близина на вода, по влажни ливади и ораници, како и во плитките води. Јаде инсекти и други ситни безрбетници.

Размножување

уреди

Калуѓерката се гнезди на влажните ливади и ораници каде што се храни. Има едно легло годишно, а се гнезди рано. Женката несе 3-4 зеленикави јајца со црни дамки. Гнездото и младенчињата ги бранат бучно и агресивно против сите натрапници, па дури и од коњи и добиток.

Статус

уреди

Заради природното живеалиште на калуѓерката, кое е обично нива, ливада, пасиште и сл. и кое во последно време е оптоварено со напредокот на цивилизацијата и со употреба на разни пестициди, бројот на овие птици се намалува. И на оваа птица се однесува Договорот за заштита на африканскоевроазиските водени птици преселници.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Vanellus vanellus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. W. Earl Godfrey (1986). The Birds of Canada (Revised. изд.). National Museum of Natural Sciences. стр. 179. ISBN 0-660-10758-9.
  3. [1] (2011).

Надворешни врски

уреди