Кале (Долани)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Кале“
| |
Местоположба | 41°41′36″N 22°12′06″E / 41.69333° СГШ; 22.20167° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Долани |
Општина | Штип |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Кале или Градиште — археолошко наоѓалиште во штипското село Долани. Претставува утврдена населба од доцноантичкото време. На 1,5 км јужно од селото се издига висок рид што надвладува над околниот терен. Североисточно од него е ридот Руса, одвоен со длабокиот дол Скоко, а јужно е ритчето Шумакот. На врвот има големо зарамнето плато со површина од 160 на 150 м, на кое по рабовите се гледаат остатоци од бедем широк 1,20 м, ѕидан од кршен камен и варов малтер. На западниот крај бедемот е зачуван во должина од 50 м и височина од 1 до 2,50 м. Во внатрешниот простор на населбата има остатоци од темели на помали градби и многубројни градежни материјали.[1]
Поврзано
уреди- Дива Топола — населба од доцноантичкото време;
- Ерџелија — населба од доцноантичкото време;
- Јаребичова Вода — водовод од доцноантичкото време;
- Кутлевец — населба од римското време;
- Рамниште — населба од римското време;
- Ќерамидница — населба од доцноантичкото време;
- Чука — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Долани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 433. ISBN 9989649286.