Кале (Алданци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Кале

Карта

Местоположба 41°22′5″N 21°17′47″E / 41.36806° СГШ; 21.29639° ИГД / 41.36806; 21.29639
Основни податоци
Место Алданци
Општина Крушево
Тип

 населба


Период хеленистичко време
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во крушевското село Алданци. Претставува населба од хеленистичкото време. На највисокиот дел од наоѓалиштето, по површината се среќаваат грамади од кршен камен и варов малтер, а поретко фрагменти од керамички садови. Поголема концентрација на подвижни наоди има на јужниот дел. Најдени се и бронзени монети од градот Пела. Наодите се чуваат во Заводот и Музеј во Прилеп.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 978-9989-101-06-9