Кале Кршевица
Кале Kpшевица — древномакедонско археолошко наоѓалиште коешто се наоѓа во близина на Бујановац и Врање, на југ од Ристовац во јужна Србија и зафаќа површина од повеќе од 4 хектари. Има историја назад до 13 век п.н.е. и претставува акропола (населба изградена на ритче или висорамнина) со примеси на елинистичко-средоземен стил од 5 и 4 век п.н.е. (бронзено доба), со камени ѕидови и некропола (плац за гробишта). Во градот имало најмалку 3.000 жители во 4 и 3 век п.н.е.
Кале Кршевица | |
---|---|
Местоположба во Србија | |
Координати: 42°26′36″N 21°51′37″E / 42.44333° СГШ; 21.86028° ИГД | |
Час. појас | Средноевропски (UTC+1) |
На наоѓалиштето се најдени монети на Филип II, Александар III Македонски, Касандар, Деметер Полиокрит и Пелагија Антиохиска, ископини врз чијашто основа и може да се смета за најсеверниот древно-македонски град.[1][2][3] Д-р Петар Поповиќ од Институтот за археологија во Белград вели дека тоа би можело да биде древниот град Дамастион. Градот е основан од пајонското племе Агријани, а се верува дека е разурнат од келтското племе Скордисци, во 279 г. п.н.е. На падините на висорамнината каде што се наоѓало гратчето, денес има село каде што куќите во својата градба содржат камени блокови од древната населба.
Градот имал исклучително стратешка позиција бидејќи се наоѓа на висорамнина со поглед према реката Јужна Морава и Врањската долина. Неговата акропола и периферијата опфаќаат 4 хектари и се протегаат до долината на Kршевичкa река.
Ископини
уредиПрвите потфати на археолошки план датираат од 1966 година. Обработени се само 6% од целокупната површина, а истражувањата се во тек, како заеднички проект на Белградскиот археолошки институт, Националниот музеј на Србија, Врањскиот национален музеј и Филозофскиот факултет во Белград.
Од наодите најзначајни се керамиката од Железното време (1200 п.н.е.)[4], остатоците од аквадукт и слични градби и 25-те ретки златни монети од времето на Филип II и Александар III Македонски, во вредност од по 50.000 € секојa. Идентични наоди од керамика има и во Церница (Романија), Гадимље, Ораовица (Радовишко) и во Скопскиот Басен.