Pixies

американска рок група
(Пренасочено од Пиксис)

The Pixies ― американска рок група основана во 1986 година, во Бостон. До 2013 година, членови на групата биле Блек Френсис (вокал, ритам гитара, текстописец), Џои Сантјаго (гитара), Ким Дил (бас, вокал) и Дејвид Ловеринг (тапани). Во 1993 година, членовите се скарале и групата се распаднала; повторно се обединиле во 2004 година. По заминувањето на Дил во 2013 година, Pixies за своите турнеи како басист ја ангажирале Ким Шатак; истата година таа била заменета со Паз Ленчатин, која станала постојан член во 2016 година.

Pixies
The Pixies на настап во 2019. Од лево: Џои Сантјаго, Блек Френсис, Дејвид Ловеринг, Паз Ленчантин
Животописни податоци
ПотеклоБостон, Масачусетс, САД
Жанрови
Период на активност
  • 1986–1993
  • 2004–денес
Издавачи
Мреж. местоpixiesmusic.com Уредете го ова на Википодатоците
Членови
  • Блек Френсис
  • Џои Сантјаго
  • Дејвид Ловеринг
  • Паз Ленчантин
Поранешни членови
  • Ким Дил
  • Ким Шатак

Pixies се поврзуваат со алтернативниот рок бум од 1990-тите и обично нивната музика има панк рок и сурф рок елементи. Нивната музика е позната и по динамичните „гласно-тивко-гласно“ промени и структурата на песната. Френсис е главен текстописец за Pixies; неговите стихови често имаат невообичаена тематика како вонземјани, инцест и библиско насилство. Бендот имал скромна популарност во САД, но бил многу поуспешен во Европа. Нивниот поп звук влијаел врз групи како: Нирвана, Radiohead, Smashing Pumpkins и Weezer. Популарноста на Pixies растела во годините по нивното распаѓање, што довело до нивно повторно обединување во 2004 година, распродадени светски турнеи и уште четири нови албуми: Indie Cindy (2014), Head Carrier (2016), Beneath the Eyrie (2019) и Doggerel (2022).

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Surfer Rosa (1988)
  • Doolittle (1989)
  • Bossanova (1990)
  • Trompe le Monde (1991)
  • Indie Cindy (2014)
  • Head Carrier (2016)
  • Beneath the Eyrie (2019)
  • Doggerel (2022)

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди