Кабинетот на д-р Калигари

филм од 1920 г.

Кабинетот на д-р Калигари (германски: Das Cabinet des Dr. Caligari) - германски филм од 1920 година, во режија на Роберт Вине (Robert Wiene). Главните улоги во филмот ги играат: Вернер Краус (Werner Krauss), Конрад Вајт (Conrad Veidt), Фридрих Фехер (Friedrich Feher), Лил Даговер (Lil Dagover), Ханс Хајнрих фон Твардовски (Hans Heinrich von Twardowski) итн.[1]

Содржина

уреди

Во малото место Холштенвал се одржува годишниот саем на кој своја претстава дава и д-р Калигари, кој го прикажува Чезаре, човекот-месечар (го игра Вајд). Истата ноќ, се случува мистериозно убиство. Двајца другари, Францис (го игра Фехер) и Алан (го игра фон Твардовски) ја посетуваат претставата и Чезаре му претскажува на Алан дека ќе живее до зората. Навистина, таа ноќ, непознат човек го убива Алан. Неговиот другар Францис одлучува да го истражи мистериозното убиство и ја надгледува куќата на д-р Калигари. Утредента, полицијата апси еден човек, кој се обидува да убие една жена. Тој е осомничен и за другите убиства, но тој го признава само обидот за убиство, велејќи дека намерно сакал да ја префрли вината на таинствениот убиец. Идната ноќ, Чезаре ја посетува девојката на Францис, Јане (ја игра Даговер), со намера да ја убие, но омекнат од нејзината убавина, тој ја грабнува и бега со неа. Сепак, гледајќи дека ќе биде фатен, тој ја остава девојката и бега. Франис не може да сфати како Чезаре ја грабнал девојката, кога тој цело време ја набљудувал куќата, но кога полицијата оди кај д-р Калигари, таа открива дека во ковчегот се наоѓа кукла. Францис го обвинува докторот дека го злоупотребил Чезаре за да ги изврши убиствата и бркајќи го, стигнува во лудницата. Таму, лекарите го носат кај директорот, а Францис им кажува на вработените дека директорот е д-р Калигари. Тогаш, тие го пребаруваат кабинетот на директорот и таму наоѓаат книга во која се зборува за вистинскиот д-р Калигари и за месечарот Чезаре, а го пронаоѓаат и дневникот на директорот. Така, се чини дека мистеријата е разрешена. Меѓутоа, филмот завршува така што во лудницата на едно место се собрани Чезаре (сега, буден), Јане (која за себе мисли дека е кралица) и Францис (кој тврди дека директорот на лудницата е д-р Калигари). Тогаш, болничарите го врзуваат Францис во лудачка кошула и го затвораат во ќелија, а директорот на лудницата вели дека сфатил како може да го излекува пациентот.[2]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди