КК Валенсија или Валенсија Баскет е кошаркарски клуб од Валенсија, Шпанија. Моментално се натпреварува во АЦБ лига, највисокото натпреварување на шпанската кошарка за мажи.

Валенсија
Валенсија лого
Основан27 септември 1986; пред 37 години (1986-09-27)
ИсторијаКК Валенсија
(1986-денес)
АренаФуенте де Сан Луис
ГрадВаленсија, Шпанија
Бои на екипата              
СопственикШпанија Хуан Роиг
ТренерШпанија Хауме Понсарнау
Повлечени броеви2 (11, 15)
КК Валенсија сезона 2019-2020

Првично, клубот бил спонзориран од компанијата Памеса, па бил познат до 2009 година како Памеса Валенсија. Од крајот на 2009 година до крајот на сезоната 2010-2011, валенсијската компанија Power Electronics го спонзорирала првиот тим, при што официјалното име тогаш на клубот било Пауер Електроникс Валенсија. Од 2012 година го носи името Валенсија Баскет.

Клубот е наследник на кошаркарската секција на фудблскиот клуб Валенсија. По испаѓањето на фудбалскиот клуб во втората лига во 1986 година, кошаркарскиот клуб заземал свој идентитет и во сезоната 1986-1987 веќе учествува како независен ентитет во шпанската кошаркарска Примера Дивисион Б.

Својте натпревари клубот ги игра во арената Фуенте де Сан Луис, која има капацитет од 8500 гледачи. Најчесто играат во портокалови дресови и шорцеви.

Историја уреди

1986-2000 уреди

КК Валенсија е основана на 27 септември 1986 година, откако ФК Валенсија одлучила да се откаже од својата кошаркарска секција.[1]

Во својата втора сезона во Примера Дивисион Б, тимот изборил промоција во АЦБ лигата против Санта Кулома на 4 мај 1988 година.[2] Тие непрекинато останале во АЦБ лигата до сезоната 1994-1995 во која испаднале во ЕБА лигата, откако биле поразени во плејофот за испаѓање од Сомонтано Уеска.

Враќањето во најсилната лига на шпанската кошарка се случило во следната сезона, во која Валенсија завршила на второто место во ЕБА лигата и ги купила правата од Сарагоса за враќање во АЦБ.

Клубот потоа направил голем чекор напред во својот раст со освојувањето на првата титула во својата историја, Купот на Шпанија, со победа против Ховентут Бадалона на 2 февруари 1998 година. Во ова натпреварување, клубот дебитирал, и сигурно не бил меѓу фаворитите за освојување на титулата. Во првото коло од турнирот го елиминирале водачот на АЦБ лигата, Тау Виторија кој имал долга низа победи по ред. Во полуфиналето бил елиминиран домаќинот, Форум Ваљадолид. Во финалето го совладале Ховентут Бадалона на Алфред Хулбе (кој го навлекол бесот на навивачите на Валенсија со изјавата пред финалето во кое го довел во прашање стилот на игра што го користеле Валенсијанците) од 89-75. МВП на турнирот бил Начо Родилја.

После освојувањето на купот, Валенсија стекнала право да игра во европски натпреварувања. Во сезоната 1998-1999, клубот дебитирал во Сапорта купот и стигнал до финалето каде биле поразени од италијанскиот претставник Бенетон Тревизо со 64-60. Во оваа сезона за клубот потпишале еден од најомилените играчи на навивачите на Валенсија: Бернард Хопкинс.

Во сезоната 1999-2000, Памеса била вицешампион во Купот на Шпанија, по поразот во финалето од Естудијантес со 73-63.

2000-денес уреди

Во сезоната 2000-2001 клубот одлучил да направи неколку промени и го назначил тренерот Луис Касимиро, кој го заменил Мики Вуковиќ по 5 сезони во клубот. Касимиро поминал две сезони во клубот и неговиот најголем успех бил вицешампионската титула во Сапорта купот во сезоната 2001-2002.

Во сезоната 2002-2003, бил доведен тренерот Пако Олмос и имало солиден квалитативен скок во составот со потпишување на меѓународни играчи како Фабрисио Оберто, Дејан Томашевиќ или Алехандро Монтекија. Оваа била најдобрата сезона во историјата на Памеса досега. Клубот ја освоил првата европска титула во својата историјата, УЛЕБ купот совладувајќи ја Крка од Словенија во двата натпревари во финалето, со што стекнале право да играат во квалификациите за Евролигата за првпат. Во АЦБ лигата пак, тие успеале да стигнат до финалето, каде загубиле од Барселона со 3-0.

Арена уреди

Внатрешен и надворешен изглед на Ла Фонтета

КК Валенсија својте домашни натпревари ги игра во арената Фуенте де Сан Луис која има 8.500 седечки места.[3] Арената е подобро позната под името Ла Фонтета.

Спонзорски имиња уреди

КК Валенсија имала неколку спонзорски имиња низ историјата:

  • Валенсија Оха дел лунес: 1986–1987
  • Памеса Валенсија: 1987–2009
  • Пауер Електроникс Валенсија: 2009–2011

Амблеми уреди

Титули уреди

Национални уреди

Меѓународни уреди

  • Еврокуп:
    • Победник (4) : 2002-2003, 2009-2010, 2013-2014, 2018-2019
    • Финалист (1) : 2011-2012, 2016-2017

Играчи уреди

Моментален состав уреди

Валенсија
П 1   Кино Колом
Б 2   Вања Маринковиќ
Б 3   Џордан Лојд
КЦ 5   Морис Ндур
К 6   Алберто Абалде
КЦ 7   Луј Лабејри
К 9   Сем Ван Росом
Ц 10   Мајк Тоби
КЦ 12   Брок Мотум
Ц 14   Бојан Дубљевиќ  
П 16   Гиљем Вивес
К 19   Фернандо Сан Еметерио
Б 30   Хоан Састре
К 42   Арон Дорнекамп
Главен Тренер:   Хауме Посарнау
  - Капитен
Ц - Центар / КЦ - Крилен центар / К - Крило /
Б - Бек / П - Плејмејкер


Повлечени броеви уреди

Бр. Нац. Играч Позиција Во клубот
11   Начо Родилја П 1994–2003
15   Виктор Луенго Б/К 1992–2007

Познати поранешни играчи уреди

Наводи уреди

  1. „Valencia Basket cumple 30 años“ (шпански). ACB.com. 27 September 2016. Архивирано од изворникот на 2017-06-20. Посетено на 28 September 2016.
  2. 23 years from the promotion of Valencia Basket Архивирано на 2 октомври 2016 г. ACB.com May 4, 2011
  3. MUNICIPAL COURT FUENTE DE SAN LUIS CAPACITY: 8.500 spectators

Надворешни врски уреди