И други приказни (бугарски: И други истории) — збирка раскази на бугарскиот писател Георги Господинов од 2001 година, во издание на „ЖАНЕТ-45“ од Пловдив. На македонски јазик, збирката е објавена во 2006 година во издание на „Темплум“, како 44 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од бугарски јазик е дело на Никола Маџиров.

Технички одлики уреди

Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 123 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-82-8. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Ман Реј, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“.[1]

Содржина уреди

Збирката „И други приказни“ содржи 21 расказ, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]

  • Осмата ноќ
  • Човекот со многуте имиња
  • Први чекори
  • Една втора приказна
  • Приказна од железничката станица
  • Кристин кој мавта од возот
  • Мува во писоарот
  • За вкусот на имињата
  • За крадењето приказни
  • Задоцнетиот подарок
  • Л.
  • Божикната душа на едно прасе
  • Кошмарот на една дама
  • Третиот
  • Божури и незаборавки
  • Слепата Вајша
  • Жива душа
  • Ковањето на бугарската обетка
  • Белите гаќи на приказната
  • Последна приказна за 90-те
  • Гаустин

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Георги Господинов, И други приказни, Темплум, Скопје, 2006.