Источна бука

вид дрво

Источна бука (науч. Fagus orientalis) — листопадно дрво од семејството на буките (Fagaceae).

Источна бука
Источна бука
Лисје, плодови и стебло
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
Ред: Буковидни
Семејство: Буки
Род: Бука
Вид: Источна бука
Научен назив
Fagus orientalis
Lipsky

Опис уреди

 
На Кавкаските Планини, Грузија.

Ова е големо дрво, способно да достигне висина до 45 м и 3 м пречник на стеблото.Цветовите се мали реси кои се појавуваат набргу по лисјата на пролет.

Семињата се мали триаголни ореви 15-20 мм долги и 7-10 мм широки во основата; имаат по две јаткасти плодови во секоја купула, кои созреваат наесен 5-6 месеци по опрашувањето. Купулата се разликува од онаа на европската бука по тоа што има зарамнети, малку листолидни додатоци во основата (тенки, меки боцки во европската бука).

Таксономија уреди

Источната бука е тесно поврзана со европската бука (Fagus sylvatica) и се вкрстува со неа на Балканот и северозападна Турција.

Распространетост и живеалиште уреди

Природниот опсег на дрвото се протега од планината Странџа во југоисточна Бугарија, преку северозападна Турција и на исток до Кавкаските Планини во Грузија и Русија, до Алборз во Иран.

Неговото живеалиште е ограничено на планински шуми, на 500-2.100 м надморска височина.

Ориенталната бука е распространета на уште помали надморски височини во планината Странџа во Бугарија дури 200-300 м над нивото на морето.

Употреба уреди

Дрвото е тешко, тврдо, цврсто и високо отпорно на удари. Дрвото исто така може да се користи како огревно дрво,градежни плочи, мебел, фурнир за подови, рударски столбови, железнички плочки и хартија.[2]

Наводи уреди

  1. Rivers, M.C.; Barstow, M. (2017). Fagus orientalis. Црвен список на загрозени видови. 2017: e.T79914188A109616835. doi:10.2305/IUCN.UK.2017-3.RLTS.T79914188A109616835.en. Посетено на 18 ноември 2021.
  2. Kandemirm, G.; Kaya, Z. (2009). „Oriental beech - Fagus orientalis: Technical guidelines for genetic conservation and use“ (PDF). EUFORGEN: European Forest Genetic Resources Programme. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-10-20. Посетено на 2022-05-08. Наводот journal бара |journal= (help)

Надворешни врски уреди

  • Источна бука на Флорита
  • Источна бука, Растенија за иднината
  • Источна бука - карта на распространетоста, единици за генетска конзервација и сродни ресурси. Европска програма за генетски ресурси на шумите (EUFORGEN)