Инцидент на Скопско кале

(Пренасочено од Инцидент на Кале)

Инцидентот на Скопското кале беше конфликт меѓу две групи демонстранти (едната македонска и другата албанска) кој се случил пред Скопско кале на 13 февруари 2011 година. Судирот бил прекинат од страна на македонската полиција и заврши со неколку повредени.

На инцидентот му претходел почетокот на изградбата на музеј-црква на Кале, нарачана од страна на Министерството за култура, и уривање на дел од објектот во изградба од страна на албански демонстранти, ноќта на 10 февруари 2011 година.[1]

Настанот

уреди

Во 12 часот и 30 минути на Калето пристигнале првите членови на македонската група организирани преку друштвената мрежа Facebook, кој го поставиле етничкото знаме на Македонците. Околу 13 часот (половина час по пристигнувањето на Македонците), на Калето пристигнала поголема група на албански граѓани, членови на невладината албанска организација „Разбуди се“ да протестираат за изградбата на „црква-музеј“. Македонската полиција со цел да ја смири ситуацијата почнала од споредниот влез на калето да ги вади Албанците кои веќе се наоѓале на Калето.[2] Без да ги забележи полицијата, од главниот влез се спуштила група на албански демонстранти, кои почнале со камења да фрлаат кон полицијата и кон спротивната страна, кон македонските демонстранти. Состојбата потоа се влошила, започнале физички пресметки, да летаат камења од двете страни, имало многу повредени, а меѓу нив дури и помали деца. Полицијата, за да не се влоши уште повеќе состојбата, ја принудила македонската група да отстапи. Додека полицијата ја отстранувала македонската група од местото на судирот, албанската група се упатила кон црквата и на објектот ставила свои транспаренти. Вечерта околу црквата се собрале многумина Албанци кои демолирале дел од објектот.

Реакции

уреди

По инцитентот, владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ објавиле заедничко соопштение во кое е наведено дека остро го осудуваат настанот и повикуваат на смиреност кај граѓаните.[3] Но, дел од јавноста се сомневаше дека инцидентот е исцениран токму од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.[4]

Наводи

уреди
  1. „На Кале се гради и се урива“, Радио Слободна Европа, 11 февруари 2011.
  2. Судир на две групи на скопско Кале повеќемина повредени, Сител, 13 февруари 2011.
  3. „Меѓу-национален инцидент на Кале“, Радио Слободна Европа, 13 февруари 2011.
  4. „Предизвикани меѓуетнички тензии“, Радио Слободна Европа, 14 февруари 2011.