Институт за јадрени науки „Винча“

44°45′30″N 20°35′46″E / 44.7582923° СГШ; 20.5962003° ИГД / 44.7582923; 20.5962003

Институт за јадрени науки Винча
Матично име
Институт за нуклеарне науке "Винча"
ПораноИнститут за физика
Основано1 октомври 1948; пред 76 години (1948-10-01)
Седиште,
Клучни личности
Златко Ракочевиќ (в.д.)
Доход 16,77 милиони (2017)[1]
Нето-доход
€0,22 милиони (2017)[1]
Вкупно актива €25,20 милиони (2017)[2]
Вк. капитал €11,67 милиони (2017)[2]
Вработени
796 (2017)[3]
Мреж. местоvin.bg.ac.rs

Институтот за јадрени науки „Винча“ (српски: Институт за нуклеарне науке "Винча") — истражувачка институција за јадрена физика во близина на Белград, Србија.[4] Од неговото основање, институтот исто така спроведувал истражувања и во областа на физиката, хемијата и биологијата. Научниот институт е дел од Белградскиот универзитет.[5]

Историја

уреди

Институт за јадрени науки Винча е основан 1948 година како истражувачки центар за реализација на јадрената програма на тогашна Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ). Неколку различни истражувачки групи започнале во 1950-тите години, при што биле изградени два истражувачки реактора.[6] Задачата за основање му била дадена на професорот Павле Савиќ, физички хемичар, кој тогаш работел во Москва, во Институтот за физички проблеми, во лабораторијата на академикот и нобеловец Петар Леонидович Капица. Во издигнувањето на Институтот за испитување на материјали, или како што подоцна бил наречен Институт за физика, Павле Савиќ го посветил целото свое знаење, волја и време. Тој ги проектирал поголемиот дел од лабораториите за физика, хемија и биологија и самиот ја надгледувал изградбата, така што спиел на селски имоти, на слама во амбар, за да биде поблиску до градилиштето. Опремата за лабораториите успеал да ја набави од странство, а да биде платена на сметка на воените репарации. Во институтот тој се погрижил да ја собере тогашната млада научна елита на Југославија, која штотуку го завршила своето образование. Во прво време најмногу биле застапени истражувањата од областа на физиката и хемијата, а кога после неколку години во институтот дошол Душан Каназир, започнал развојот и на биолошките дисциплини и тоа пред сѐ во врска со ефектите на радиоактивното зрачење. Савиќ и Каназир подоцна станале претседатели на Српската академија на науките и уметностите (САНУ).

Институтот работи со два истражувачки реактора; RA[7] и RB.[8] Истражувачките реактори биле обезбедени од страна на СССР. Поголемиот од двата реактора бил проценет на 6,5 MW и користел 80% збогатен ураниум како гориво.[9]

Програмата за јадрено истражување завршила во 1968 година, додека реакторите биле исклучени во 1984 година.

Инцидентот во 1958 година

уреди

На 15 октомври 1958 година, во еден од истражувачките реактори имало случај на дивергентна верижна реакција. Шест работници биле изложени на големи дози на зрачење, од кои еден починал кратко потоа.[10] Другите пет го добиле првото пресадување на коскена срж во Европа.[11][12]

Шест млади истражувачи, сите на возраст помеѓу 24 и 26 години, спроведувале експеримент на реакторот, а резултатите требало да ги искористи едниот од нив за докторска теза. Во одреден момент, тие почувствувале силен мирис на озон. Биле потребни 10 минути за да го откријат потеклото на озонот, но дотогаш веќе биле озрачени. Веста била накратко објавена од државната агенција Танјуг, но потоа била потисната. Причините за потиснувањето на веста биле Студената војна и фактот што државната комисија заклучила дека инцидентот бил предизвикан од негрижа и недисциплина на истражувачите. Пациентите прво биле третирани во Белград, под грижа на д-р Васа Јанковиќ. Благодарение на личните врски на директорот на Институт за јадрени науки Винча, Павле Савиќ, кој бил соработник на Ирен и Фредерик Жолио – Кири, пациентите биле префрлени на Институтот Кири во Париз.[13]

Во Париз пациентите биле третирани од онкологот Жорж Мате. Петмина од истражувачите биле јако озрачени: Розанда Дангубиќ, Живота Враниќ, Радојко Максиќ, Драшко Грујиќ и Стијепо Хајдуковиќ, додека Живорад Богојевиќ бил изложен на ниска доза на зрачење. Мате ги оперирал сите нив, вршејќи го првото успешно алографтно пресадување на коскена срж на луѓе кои не се во роднинска врска.[14] Дарителите биле сите Французи: Марсел Пабион, Алберт Бирон, Рејмонд Кастаниер и Одет Драги, мајка на четири мали деца. Петтиот дарител бил Леон Шварценберг, член на тимот на Мате. На 11 ноември 1958 година, Радојко Максиќ станал првиот човек кој добил графт од нероднински дарител (Пабион). Од сите пет лекувани пациенти, само Живота Враниќ починал. Останатите по опоравокот се вратиле во Белград за да продолжат да работат во Винча или други институции. Неколку години подоцна, Розанда Дангубиќ родила здраво девојче.[13]

Отстранување на радиоактивниот отпад

уреди

Во 1980-тите години, отпадот бил чуван на отворено. Отпадот потоа бил пренесен во два хангара, H1 и H2, додека почвата била санирана. До 1990 година, отпадот од цела Југославија бил носен во Винча. Во хангарот H2, исто така, се чуваат буриња со осиромашен ураниум и куршуми од осиромашен ураниум, кои се остатоци од муниција собрана на четири локации во јужна Србија по бомбардирањето на СР Југославија од НАТО во 1999 година.[15]

 
Институт за јадрени науки „Винча“

Во 2009 година, било објавено дека базенот за складирање на јадрено гориво, кој содржи големи количества на радиоактивен отпад, е во лоша состојба.[16]

Во 2010 година, 2,5 тони отпад, вклучително и 13 килограми 80% збогатен ураниум, биле пренесени од Винча во објект за преработка во Мајак, Русија.[17] Ова бил најголемиот проект за техничка соработка на Меѓународната агенција за атомска енергија, а илјадници полицајци ги заштитувале конвоите.[18][19]

Отстранувањето на јадрениот отпад овозможува да се заврши затворањето на преостанатиот реактор на Винча.[20]

Во 2012 година, бил донесен Законот за заштита од зрачење и јадрена безбедност. Предвидено е да во период од максимум 10 години, односно до 2022 година, отпадот од Винча биде префрлен во постојана и сигурна депозитарна локација. Во меѓувреме бил изграден нов и модерен хангар, H3, но поради законските процедури и проблемите со лиценцирање сѐ уште е затворен. Сепак, тој треба да биде само преодна локација, каде треба да се чува обработениот отпад од H1 пред да се транспортира до трајна локација. До 2018 година, во институтот сѐ уште остануваат големи количества јадрен отпад, постојаната локација не е избрана, а отпадот воопшто не се третира и не се обработува.[15]

Отпадот во Винча е со ниска до средна радиоактивност, што значи дека е потенцијално опасен за здравјето и безбедноста на пошироката област на Србија, не само на Белград.[15]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „КОНСОЛИДОВАНИ БИЛАНС УСПЕХА (2017) - Vinča Institut“. apr.gov.rs (српски). Посетено на 26 September 2018.[мртва врска]
  2. 2,0 2,1 „КОНСОЛИДОВАНИ БИЛАНС СТАЊА (2017) - Vinča Institut“. apr.gov.rs (српски). Посетено на 26 September 2018.[мртва врска]
  3. „Izdanje 23. jun 2017. - broj 61“ (PDF). pravno-informacioni-sistem.rs (српски). Službeni Glasnik RS. 23 June 2017. стр. 38. Посетено на 25 September 2018.
  4. „Vinca Special Weapons Facilities - Serbia“. Посетено на 2011-01-02.
  5. „Members of the University of Belgrade - Vinča Institute of Nuclear Science“. Архивирано од изворникот на 2011-05-26. Посетено на 2011-04-19.
  6. „Vinca Special Weapons Facilities - Serbia“. Посетено на 2011-01-02.
  7. „Former Yugoslavia: Research Reactor Details - RA“. Посетено на 2011-01-02.
  8. „Former Yugoslavia: Research Reactor Details - RB“. Посетено на 2011-01-02.
  9. „Q&A: Fuel Repatriation Project from Vinca Institute“. Посетено на 2011-01-02.
  10. „1958-01-01“. Посетено на 2011-01-02.
  11. Vinca реактор несреќа, 1958, составени од страна на Wm. Роберт Џонстон
  12. Nuove esplosioni на Fukushima: danni ал nocciolo. Ue: "Во Giappone l'apocalisse", 14 март 2011
  13. 13,0 13,1 Budo Novović (16 October 2011), „Scent from fifty-eight“, Politika (српски)
  14. Douglas Martin (20 October 2010). „Dr. Georges Mathé, Transplant Pioneer, Dies at 88“. New York Times.
  15. 15,0 15,1 15,2 Aleksandar Apostolovski (12 February 2018). „Nuklearna sigurnost u zarđalim buradima“ [Nuclear security in rusty barrels]. Politika (српски). стр. 01 & 07.
  16. Vasovic, Aleksandar (2009-06-23). „Serbs send nuclear fuel to Russia, citing security“. Reuters. Посетено на 2011-01-02.
  17. „NTI Commits $5 Million To Help Secure Vulnerable Nuclear Weapons Material“ (PDF). Посетено на 2011-01-02.
  18. „Serbia gets rid of dangerous nuclear material (SETimes.com)“. Посетено на 2011-01-02.
  19. „Massive Operation Safely Secures Serbian Nuclear Fuel in Russia“. Посетено на 2011-01-02.
  20. „Nuclear decommissioning of Vinča this year“. Архивирано од изворникот на 2012-11-04. Посетено на 2011-01-02.

Надворешни врски

уреди