Индустриска зона Жабени

Јавното претпријатие за стопанисување со Индустриска зона „Жабени“ е основано на 25 јануари 2008 година од страна на Советот на Општина Битола, по иницијатива на Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески. Јавното претпријатие во вршењето на дејност од јавен интерес се организира на начин со кој се обезбедува единственост, ефикасност и максимален успех во процесот на работењето со цел за постигнување на највисоки резултати во техничкиот, технолошкиот и економскиот развој на Општината Битола. Постигнувањето на развој и усогласеност со општиот интерес и заштита на добрата од општ интерес, преку квалитетно задоволување на потребите на корисниците на услуги. На 2 јули 2012 година беше поставен и првиот камен темелник од страна на германската компанија од автомобилската индустрија Кромберг и Шуберт (Kromberg & Schubert) во присуство на Премиерот на Република Македонија Никола Груевски и Мартин Пасерн, член на Управниот одбор на „Кромберг и Шуберт“. Германскиот инвеститор во Жабени во новиот производствен капацитет, инвестиција која вреди 20 милиони евра ќе изработува кабелски инсталации за автомобили и до февруари 2017 во фабриката на „Кромберг и Шуберт“ се вработени 3.500 лица. На почетокот на 2013 година оваа германска гринфилд инвестиција започна и со извоз на нивните производи.

Фабрики

уреди