Имдина
Имдина (малтешки: L-Imdina) или Медина (италијански: Medina), познат и по италијанските епитети Città Vecchia („Стар град“) и Città Notabile („Значаен град“), е утврден град во Северниот регион на Малта кој служел како поранешен главен град на островот од антиката до средновековниот период. Градот во своите ѕидини има население од 250 жители, но е во непосредна близина со градот Рабат, чие име доаѓа од арапскиот збор за предградие, и има население од над 11,000 жители (март 2014).[2]
Имдина L-Imdina (малтешки) Città Notabile, Città Vecchia Ann, Melite, Melita | |||
---|---|---|---|
City and Local council | |||
Прекар(и): The Silent City | |||
Country | Малта | ||
Region | Northern Region | ||
District | Western District | ||
Established | ок. 8th century BC as Ann ок. 11th century AD as Mdina | ||
Borders | Attard, Mtarfa, Rabat | ||
Управа | |||
• Mayor | Peter Sant Manduca (PN) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 0,9 км2 (3 ми2) | ||
Население (Aug. 2023) | |||
• Вкупно | 93 [се бара извор] | ||
Демоним | Midjan (m), Midjana (f), Midjani (pl) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Postal code | MDN | ||
Dialing code | 356 | ||
ISO 3166 | MT-29 | ||
Patron saints | St. Peter St. Paul Our Lady of Mount Carmel | ||
Day of festa | 29 June 4th Sunday of July | ||
Buses 50, 51, 52, 53, 56 from Valletta terminus, stop at bus stop named "Rabat 3"[1] |
Подрачјето на градот било населено од праисторијата. Феникиска колонија позната како Ан (феникиски: 𐤀𐤍𐤍, ʾnn) била основана околу 8 век п.н.е., делејќи го истото име со островот и која веројатно служела како нејзино седиште. За време на Пунските војни, градот бил освоен од Римјаните и бил преименуван во Мелита (грчки: Μελίτη) според грчкото и латинското име за островот. Грчко-римската Мелита била поголема од денешната Имдина. Денешната големина ја добила за време на византиското или арапското владеење. Во 9 век областа била опустошена и ненаселена до повторното основање во 11 век како Madīnah, од каде доаѓа денешното име на градот. Медина служела како седиште на Малта се до доаѓањето на Редот на Свети Јован во 1530, кога таа улога ја презел Биргу. Медина доживеала период на пад во следните векови, и преродба во почетокот на 18 век кога биле подигнати неколку барокни зданија.
Во голема мера одржувајќи го својот средновековен карактер, Имдина остана центар на малтешкото благородништво, а верските власти и имотот во голема мера продолжува да се пренесува од семејства и од генерација на генерација. Меѓутоа, никогаш не ја вратил својата важност од пред 1530 година, поради што се појавил популарниот прекар „Тивкиот град“ од локалното население и од посетителите.[3] Имдина се наоѓа на тентативната листа на Светско наследство на УНЕСКО и е една од главните туристички атракции на Малта.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Route Map“. Malta Public Transport. 19 April 2016. Архивирано од изворникот на 3 May 2016.
- ↑ „Estimated Population by Locality 31st March, 2014“. Government of Malta. 16 May 2014. Архивирано од изворникот на 21 June 2015.
- ↑ „Mdina & Rabat“. VisitMalta. Архивирано од изворникот на 13 June 2020.
- ↑ Blasi, Abigail (29 September 2014). „Top 10 day trips in Malta“. Lonely Planet. Архивирано од изворникот на 10 October 2015.