Илија Столица (Земун, 7 јули 1978) бил поранешен српски фудбалер и актуелен фудбалски тренер. Бил селектор на младата српска репрезентација.

Професионална играчка кариера

уреди

Илија Столица ја започнал својата фудбалска кариера во ФК Земун. Како млад фудбалер во 1998 година преминал во редовите на шпанскиот второлигаш Леида, а во 2000 година потпишал за составот на Партизан. За белградските црно-бели одиграл само четири првенствени натпревари, по што се вратил во екипата на Земун, каде настапувал во сезоната 2001/02. Таа сезона бил втор стрелец во Првата лига на СРЈ со вкупно 19 постигнати голови.[1] По клубот на Земун, тој настапувал и за украинскиот состав на Металург од Доњецк, каде одиграл 20 првенствени натпревари и постигнал пет гола.[2]

Во Србија се вратил во 2005 година и тоа како позајмен играч во составот на ОФК Белград, а потоа кариерата ја продилжил во екипата на Сент Трујден од Белгија, а по две години преминал и настапувал во дресот за составот на Монс. Столица ја заменил Белгија со Грција и се преселил во 2009 година во екипата на ОФИ од Крит. За составот на подгорички Будуќност настапувал во 2010 година, а пред крајот на кариерата имал играно и во САД за составот на Њу Ингланд Револушн и за екипата на Њујорк.

Тренерска кариера

уреди

Тренерската кариера Илија Столица ја започнал во 2014 година како асистент во кадетската репрезентација на Србија, потоа работел како асистент на Зоран Милинковиќ во екипата на Партизан [3], а самостојно ги предводел селекциите на Србија до 16 и 17 годишна возраст.

Во месец ноември 2016 година го преземал тимот на Вождовац.[4] Поминал нешто повеќе од една година на клупата на популарните „змејови“ (од ноември 2016 до декември 2017) и со нив успеал да оствари 20 победи, 10 нерешени натпревари и 16 порази од вкупно 46 натпревари.[5] Тој го напуштил клубот на Вождовац по завршувањето на есенскиот дел од сезоната 2017/18.[6]

На 23 декември 2017 година ја преземал екипата на Војводина од Нови Сад.[7] По нешто повеќе од три месеци, тој на 4 април 2018 година поднел оставка од таа позиција. Го предводел тимот на Војводина на осум натпревари од натпреварувачки карактер, постигнувајќи притоа две победи, два нерешени резултати и четири порази, со гол разлика од 8:9.[8]

Во месец јуни 2018 година Столица ја преземал екипата на Олимпија од Љубљана.[9] На клупата на словенечкиот клуб останал само 48 дена бидејќи на 31 јули 208 година добил отказ.[10] Тој го водел тимот на Олимпија на вкупно пет натпревари и притоа постигнал една победа, два нерешени резултати и два порази. Екипата на Олимпија испаднала уште во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите, а по две одиграни кола во словенечкото првенство, тимот од Љубљана се нашол на претпоследното место на табелата.[11]

Во месец октомври 2019 година Илија Стоплица бил назначен за селектор на младата репрезентација на Србија.[12] Под негово водство, младата репрезентација не успеала да се квалификува за Европското првенство во 2021 година.[13] Во квалификациската група за ЕП, репрезентацијата на Србија остварила три победи, четири нерешени резултати и дури четири порази на вкупно 10 натпревари, што било доволно само за четвртото место во групата, зад репрезентациите на Русија, Полска и Бугарија, а пред селекциите на Естонија и Летонија.[13] И покрај неуспехот во квалификациите, Фудбалскиот сојуз на Србија во месец декември 2020 година го продолжила договорот со тренерот Илија Столица и за наредниот квалификациски циклус.[14][15]

Во месец јануари 2021 година тој бил назначен за вршител на должноста селектор на А репрезентацијата на Србија, за да ја предводи селекцијата, која речиси целосно ја сочинувале играчи од домашното првенство, на два пријателски натпревари, едниот против Доминиканската Република на 25 јануари во Санта Доминго и вториот одигран на 31 Јануари, во Орландо, против репрезентацијата на Соединетите Американски Држави.[16]

Наводи

уреди
  1. „Првенство СРЈ 2001/02“. rsssf.com. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Хуманитарни тикет у подне: Илија Столица типује за Удружење родитеља - старатеља деце лечене од рака Чика Боца“. mozzartsport.com. 16 февруари 2018. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. „И Столица на клупи црно-белих“. mondo.rs. 31 март 2015. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. „Илија Столица нови тренер Вождовца“. novosti.rs. 8 ноември 2016. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  5. „Илија Столица се враћа у Вождовац“. mondo.rs. 1 октомври 2018. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „Илија Столица напустио Вождовац“. mozzartsport.com. 13 февруари 2017. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „ЈЕДНОГЛАСНО: Столица нови тренер Војводине“. novosti.rs. 23 декември 2017. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  8. „Илија Столица поднео оставку“. fkvojvodina.rs. 4 април 2018. Архивирано од изворникот на 2022-02-16. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „Столица у Олимпији“. mozzartsport.com. 12 јуни 2018. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  10. „Земљотрес у Љубљани: Олимпија сменила Столицу“. mozzartsport.com. 31 јули 2018. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. „Крчмаревић и Столица остали без посла“. mondo.rs. 31 јули 2018. Посетено на 19 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  12. „Илија Столица званично преузео млади српски тим и саопштио први списак“. zurnal.rs. 7 октомври 2019. Посетено на 7 октомври 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  13. 13,0 13,1 „Још једна брука Столичиних орлића“. mozzartsport.com. 13 октомври 2020. Посетено на 15 јануари 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  14. „Столица остаје селектор Орлића“. mozzartsport.com. 10 декември 2020. Посетено на 15 јануари 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  15. „ОДРЖАНА СЕДНИЦА ИЗВРШНОГ ОДБОРА“. fss.rs. 14 декември 2020. Посетено на 15 јануари 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  16. „Столица саопштио списак репрезентативаца за турнеју у САД“. rts.rs. 13 јануари 2021. Посетено на 15 јануари 2021.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски

уреди