Илија Ивиќ
Илија Ивиќ (роден во Зрењанин, 17 февруари 1971) бил поранешен српски и југословенски фудбалер. Настапувал на позицијата како напаѓач. Неговиот брат Владимир исто така бил фудбалер.
Професионална кариера
уредиФудбалската кариера ја започнал во клубот од Зрењанин Пролетер, каде од 1988 до 1991 година одиграл 92 натпревари во првата лига на Југославија и постигнал 26 гола.[1] Во 1991 година од Пролетер преминал во составот на Црвена ѕвезда каде ги поминал следните три сезони. Со белградските „црвено-бели“ ја освоил титулата шампион, но и Купот на Југославија. Тој бил член на тимот и во 1991 година, кога клубот од „Маракана“ го освоил Интерконтиненталниот куп и станал светски шампион во градот Токио.[2]
По Ѕвезда кариерата ја продолжил во грчкиот тим на Олимпијакос каде ги минал следните пет сезони и имал доста забележителни партии. Со клубот од Пиреја трипати бил шампион на Грција и еднаш го освоил Купот. Подоцна настапувал за тимот на Торино во Италија. Во италијанскиот тим не постигнал гол на 19те одиграни натпревари, по што се вратил во Грција и овојпат настапувал за составот на Арис од Солун. Кариерата ја завршил во тимот на АЕК од Атина, со кој во 2002 година го освоил Купот на Грција.
Илија Ивиќ настапил за репрезентацијата на СР Југославија на само еден натпревар и тоа на 2 септември 1998 година против сотавот на Швајцарија. Овој натпревар се одиграл во Ниш и завршил со резултат од 1:1.[3]
По фудбалот
уредиПо играчката кариера Ивиќ успешно работел како технички директор во екипите на АЕК и Олимпијакос. За време на неговиот претстој во екипата на АЕК од Атина двапати бил второпласиран во првенството на Грција. Со тој клуб остварил пласман во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. По неговиот трансфер во составот на Олимпијакос, истоимената екипа освоила двојна круна и за прв пат во историјата на грчкиот фудбал го минала лигашкиот дел од најважното европско клупско натпреварување - Лигата на шампионите.[3]
Од септември 2008 до јули 2009 година бил спортски директор на фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда.
Трофеи
уредиЦрвена ѕвезда
уреди- Освоен е Интерконтинентален куп (1): 1991 година
- Освоено е Југословенското првенство (1): 1991/92
- Освоен е Купот на Југославија (1): 1992/93
Олимпијакос
уреди- Освоено е Грчкото првенство (3): 1996/97, 1997/98, 1998/99
- Освоен е Куп на Грција (1): 1998/99
АЕК Атина
уреди- Освоен е Купот на Грција (1): 2001/02
Наводи
уреди- ↑ „Фудбал екс-ЈУ 1945-1992“. zerodic.com. Архивирано од изворникот на 2009-03-05. Посетено на 24 февруари 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „ЧЕТВРТ ВЕКА ЗВЕЗДИНОГ СВЕТСКОГ ШМЕКА: У Токију 1991. црвено-бели постали владари планете (ВИДЕО)“. zurnal.rs. 8 декември 2016. Посетено на 24 февруари 2019.
- ↑ 3,0 3,1 „Илија Ивић на сајту репрезентације Србије“. reprezentacija.rs. Посетено на 24 февруари 2019.