Илинден (политичка организација)

За други значења на поимот Илинден видете на појаснителната страница

Илинден била политичка организација на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји формирана од КПГ по распуштањето на НОФ, НОМС и АФЖ (1950). Дејствувала во периодот од 1952 до 1956 година. Основачкиот конгрес бил одржан во селото Кросциенко, Полска во април 1952 година со учество на 162 делегати. На Конгресот биле избрани раководните тела на организацијата: Централен совет, Извршен комитет и Претседателство на организацијата. За претседател на организацијата бил избран Пандо Вајнас, а за секретар Ставрос Кочопулос. Преку организацијата „Илинден“, КПГ ја спроведувала својата политика меѓу македонската емиграција во источноевропските земји. По VI пленум на ЦК на КПГ во 1956 година, организацијата била распуштена.[1]

Наводи

уреди
  1. Р. Кирјазовски, Македонската политичка емиграција од Егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји по Втората светска војна, Скопје, 1989