Ставрос Кочопулос

Ставрос Кочопулосмакедонски правник од Егејска Македонија.

Активно се вклучува во НОБ и е еден од основачите и раководителите на Словеномакедонскиот ослободителен фронт (СОФ) во Леринско. За време на Граѓанската војна во Грција заземал разни политички и воени функции: претседател на Окружниот одбор на народната власт во Леринско, секретар на партиската група на НОФ, член на Главното раководство на НОФ, владин претставник и други. Кочопулос отсекогаш бил во служба на КПГ и доследно ја спроведувал нејзината политика по македонското национално прашање. По Граѓанската војна бил член на раководството на организацијата „Илинден“.[1]

Наводи

уреди
  1. Егејска Македонија во НОБ - 1949. VI. Скопје: Архив на Македонија. 1983. стр. 488. |access-date= бара |url= (help)