Илинденски демонстрации
Илинденските демонстрации биле масовни демонстрации на македонскиот народ против окупаторскиот режим во Македонија.
- За други значења на поимот Илинден видете на појаснителната страница
Илинденските демонстрации во 1940 година
уредиИлинденски демонстрации се одржале во градовите Охрид, Прилеп и Скопје во 1940 година. Демонстрациите добиле политичка улога со која се спротивставиле на српскиот режим во Вардарска Бановина, гладот кој таа ѝ го приредила на народот и стравот од фашистичката окупација, која најголемо се заканувала, односно демонстрациите биле организирани од жители со самостојни политички ставови според кои го отфрлале и српскиот и фашистичкиот режим.[1]
Демонстрациите започнале на Илинден, дента на 2 август 1940 година. Голем број жители на Прилеп се собрале на месноста Шаторов Камен, каде што говор одржал младиот Борка Талески, кој го повикал населението на ослободување на Македонија од каков било режим. Навечер, жителите во строј и со пеење на револуционерни песни се враќале кон градот. Демонстрациите продолжиле кај железничката станица, старото корзо во градот при што продолжила кон црквата „Свети Кирил и Методиј“ каде говор одржал Трајко Бошкоски, а потоа толпата продолжила кон населбата Тризла.
Во населбата Тризла додека држел говор Кузман Јосифоски бил воспоставен обид од страна на српската жандармерија за приведување на Јосифоски но толпата се спротивставила на тоа при што настанал физички судир и обидот на жандармеријата бил неуспешен. Следниот ден власта затворила 25 учесници во демонстрациите. Судот за заштита на државата во Белград ги осудил Борка Талески, Коце Ќурчија, Трајко Бошкоски и организаторот Методија Андонов.
Овие демонстрации биле прочуени низ целото Кралство СХС. Поради тоа, во Прилеп допатувал тогашниот претседател на владата на кралството Југославија, Драгиша Цветковиќ кој преноќил во градот. Тој се сретнал со градскиот врв од тоа време. Цветковиќ им издал директиви на властите за заострување на мерките против се поотворените пројави на Македонците и нивното поврзување со Комунистичката партија. Тој признал дека во Југославија се појавува четврта нација.[2]
Илинденските демонстрации во 1941 година
уредиЕдна од главните акции на битолската група револуционери, била да го разобличи бугарскиот окупатор, кој имал план на 2 август, 1941 година, да направи празнување на Илинденското востание, со цел да го прикаже како бугарско востание. Стив Наумов како еден од главните организатори на оваа акција, во јули во месноста Бруснички ливади, заедно со Коле Канински, Крум Хололчев, Доде Христовски, Лилјана Чаловска, Ставре Војчевски и Кочо Најдовски - Цоцо, одржале состанок, на кој Стив им одрѓал говор за значењето на Илинден на македонскиот народ и какви последици би имало доколку се дозволи да се прикаже на народот како бугарско востание. На состанокот било решено да се исфрлат две пароли: "Да живее слободна Македонија!" и "Да живеат СССР и Црвената Армија!". Таки Даскалот со Васко Кондураџијата, биле задолжени за носење на едниот транспарент. Тие се вмешале во толпата при што на сиот глас ја извикувале паролата "Да живее слободна Македонија!".[3]
Наводи
уреди- ↑ „Драгиша Цветковиќ во Прилеп“. Архивирано од изворникот на 2016-06-24. Посетено на 2017-07-29.
- ↑ Извори за историјата на СКМ. Документи и материјали, 1921–1941, I, 2. Редакција, превод и коментари Иван Катарџиев, Скопје, 1985
- ↑ Кушевски, Воислав Д.; Наумоски, Светозар (1998). Димитар Николовски - Таки Даскалот (1921-1942). Скопје: ИНИ. ISBN 9989-624-38-0.