Илиденското востание во Егејска Македонија
Илинденското востание на македонскиот народ против отоманското ропство од 1903 година, земало масовни размери во Егејска Македонија преку бројни востанички акции и ослободување на градовите Клисура и Невеска, каде што над дваесетина денови постоела и функционирала народна власт[1]. Најпознати војводи од овие краишта биле Пандо Кљашев и Васил Чакаларов.
Ослободување на Клисура и Невеска
уредиКлисура во времето на Илидненското востание било гратче so 3.000-4.000 жители, а неговата географска положба од воено оперативно гледиште многу значајна бидејќи се наоѓа на истоимениот планински преслап на пртниот правец кој од Костур водел кон Клисура. Првиот напад на 4 август 1903 година, го извел војводата Никола Андреев, самоиницијативно со околу 150 востаници. Во тој момент во гарнизонот во Клисура, Турците имале стационирани 300 војници, кои благовремено известени за нападот, вешто поставиле заседа и лесно го разбиле нападот на војводата Андреев. По детална анализа, за повторен напад биле ангажирани околу 600 востаници. Одредите во колони, настапиле кон градот Клисура од разни правци. На патот за Клисура сретнале отпор од аскерот. Нивниот здружен напад ги принудил да го испразнат градот кој на 4 август бил заземен од востаниците. Четите влегле во градот, одушевено пречекани од народот. Градот бил слободен сè до 27 август. Во него била формирана револуционерна власт и притоа била извршена нова реорганизација и распределба на силите, откако биле издадени повелби за напаѓање на околните места. На 12 август, востаниците кои биле околу 700 на број, се приближиле кон Невеска, ја опколиле и започнале директен напад врз турските позиции. Турската војска што била расположена покрај гратчето и во месната касарна била принудена да се повлече. По ова востаниците влегле во Невеска запленувајќи бројна муниција, оружје, храна и облека. Заземањето на Клисура и Невеска претставувало крупна победа на востанието во Костурско. Забележително е овдека како и во Крушево со Крушевската република, формирањето на револуционерна власт за ослободителните краишта, посебно во Клисура и Невеска.
Борби во Костурско
уредиВо Костурскиот револуционерен реон востанието се појавило масовно. Пред самото востание Градското началство на реонот издало проглас до народот, во кој се известувало за почетокот на востанието и дека сите вооружени сили биле должни да бидат готови за да ги чекаат повелбите за натамошни дејствувања. На самиот ден на востанието на 2 август, била извршена мобилизаија на револуционерните сили. Во определените пунктови: Пополе, Корешта, Клисурско и Костурско востаниците го нападнале аскерот, како по селата, така и во големите населени места. Во Пополе, на 3 август 150 востаници го нападнале аскерот во с.Вишени и го зазеле селото.
Борби во Леринско
уредиВостанието се појавилои во Леринскиот револуцинерен реон. Тука акциите биле изведувани во неколку пункта: Старо Нередски и Ниџенски. Востанието започнало на 2 август, кога еден востанички одред од 2.000 востаници ја нападнал железничката станица кај Екши Су и наполно ја демолирал. Еден друг востанички одред ги прекинал сите телеграфски врски, ги разрушил мостовите и патиштата. На неколку места биле водени борби, а особено била значајна борбата кај месноста Езерцата помеѓу 300 востании и 2.000 војници со артилерија. При оваа состојба во соодносот на силите, леринчани ја побарале помошта од костурчани и организирале здружен напад. Тие успешно им давале отпор на побројните турски сили, така што турската војска била принудена да се повлече кон Лерин. Со тоа востаниците станале полни господари на западнолеринската планинска област сè до 28 август 1903 година.
Борби во Гуменџиска околија
уредиЕпопејата на „Локвата“ и „Вињари“
уредиБитката траела од 31 мај до 13 јуни 1903 година, а повод за започување на битката е османлискиот напад на селото Смрдеш кој се случил на 8-9 мај при што изгореле 250 куќи, од вкупно 300, 85 души биле убиени, а 50 ранети. Затоа војводите Пандо Кљашев и Васил Чакаларов на 31 мај ги нападнале турските сили. Најжестоките борби се воделе на врвовите Локвата и Вињари.[2] Ноќта комитите се повлекле оставјќи зад себе 14 мртви, а некој од нив се самоубиле за да не бидат заробени. Османлиите имале околу 100 загинати.
Османлиски терор во Леринско и Костурско за време на Илинденското востание
уредиНаводи
уреди- ↑ Мишо Китановски, Ѓорѓи Доневски (уред.). Илинденското востание во Егејска Македонија. Скопје: Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија. ISBN 9989-891-12-5.
- ↑ Христо Силянов, "Освободителнитѣ борби на Македония", том I Илинденското възстание, Издателство на Илинденската организация, София, 1933. (бугарски)