Изроди (филм од 1932)
Изроди (англиски: Freaks) - американски филм од 1932 година, во режија на Тод Браунинг, а според сценариото на Тод Робинс и Вилис Голдбек. Главните улоги ги играат: Валас Форд, Лејла Хаемс, Олга Бакланова, Хари Ерлс, Дејзи Ерлс и Хенри Виктор. Во 1994 година, филмот бил внесен во Националниот филмски регистер на САД.[1]
Содржина
уредиВо еден циркус работат повеќе „чудаци“: џуџиња, половина-жена и половина-маж, монголоиди, човек без екстремитети, човек без долниот дел на телото итн. Притоа, џуџето Ханс (го игра Хари Ерлс) е свршен со Фрида (ја игра Дејзи Ерлс), но е лудо заљубен во главната ѕвезда на циркусот Клеопатра (ја игра Бакланова). Таа е во врска со Херкулес (го игра Виктор), но одлучува да се забавува со него. Подоцна, Клеопатра дознава дека Ханс треба да наследи големо богатство и одлучува да се омажи за него. Меѓутоа, уште за време на свадбата, таа го исмејува не само Ханс, туку и сите „изроди“ во циркусот. Уште повеќе, таа му става отров во пијалакот на Ханс, по што тој сериозно се разболува. Сепак, Ханс и „изродите“ дознаваат за злосторството на Клеопатра. Една бурна ноќ, додека циркусот се сели на друго место, започнува борба меѓу Херкулес и кловнот Фрозо (го игра Форд), а „изродите“ се здружуваат и го убиваат силниот Херкулес, а Клеопатра ја претвораат во „изрод“, т.е. во жена без екстремитети, која кокодака наместо да зборува. На крајот на филмот, Ханс живее како богат човек, но тој е несреќен. Сепак, во неговиот дом се појавува Фрида, која му кажува дека сè уште го сака.[2]