Изгубениот хоризонт
„Изгубениот хоризонт (англиски: Lost Horizon) - американски филм од 1937 година, во режија на Френк Капра. Главните улоги ги толкуваат: Роналд Колман, Џејн Вајат, Џон Хауард, Томас Мичел, Изабел Џуел, Марго, Сем Џафи и Едвард Еверет Хортон. „Изгубениот хоризонт“ своевремено го сметале за предолг, па за потребите на прикажувањето во кино-салите бил многу скратен. Поради тоа, некои делови од филмот данас се сметаат за изгубени. Во најкомплетната верзији на филмот, употребен е сочуваниот тонски запис, но за некои сцени нема слика така што тие се покриени со фотографии од снимањето. Прескап, скратен и слабо прифатен во времето кога бил снимен (иако освоил два „Оскара“), „Изгубениот хоризонт“ данас се смета за ремек-дело.[1]
Синопсис
уредиВо Кина избувнува револуција и голем број луѓе настојуваат да побегнат. На еден аеродром во внатрешноста на Кина, неколку Британци и Американци во последен миг успеваат да се качат во авионот кој треба да ги однесе во Шангај. Тие се: британскиот дипломат Роберт Конвеј (го игра Конвеј), неговиот брат Џорџ (го игра Хауард), стопанственикот Барнард (го игра Мичел), палеонтологот Ловет (го игра Еверет Хортон) и болната жена Глорија. Авионот полетува, но патниците не се свесни дека, наместо пилотот, со него управува еден Кинез. Дури утредента, во текот на летот, тие откриваат дека авионот лета кон запад. Летајќи над Хималаите, авионот се урива, а пилотот погинува. Патниците се избезумени, плашејќи се за своите животи, но нив ги спасуваат жителите на таинствената земја Шангри-ла, која се наоѓа на Тибет и од сите страни е опкружена со високи, непристапни планини. На почетокот, патниците се изненадени од земјата која е многу слична на рајот: времето е секогаш убаво, насекаде владее братска љубов, луѓето живеат во заедништво и сите се среќни. Шангри-ла му изгледа на Конвеј како идеално место за да остане да живее, но неговото воодушевување не го делат останатите патници кои инсистираат да се вратат дома, а особено е нервозен брат му Џорџ. Во Шанги-ла, Конвеј ја запознава Сондра (ја игра Вајат) и се вљубува во неа, додека девојката Марија (ја игра Марго) се вљубува во Џорџ. По средбата со врховниот свештеник (го игра Џафи), Конвеј открива неверојатни нешта: младата Марија има над 100 години, свештеникот е стар над 200 години, а него го грабнале и го донеле во Шанги-ла благодарение на Сондра, која ги читала неговите книги. По некое време, и останите патници добиваат желба да останат во Шанги-ла, освен Џорџ, кој сака да си замине по секоја цена. По смртта на врховниот свештеник, за негов заменик е поставен Конвеј, но Џорџ и Марија решаваат да си заминат. Марија го убедува Конвеј дека приказните за долговечниот живот во Шанги-ла се измислици и Конвеј им се придружува на бегалците. Меѓутоа, нивните водичи предизвикуваат лавина и така Конвеј, Џорџ и Марија остануваат заробени во планината. Надвор од волшебната земја, Марија наеднаш станува старица и умира, а очајниот Џорџ се фрла во провалија. Конвеј талка низ планината, обидувајќи се да го најде патот до Шангри-ла и со последни сили пристига во едно село. Потоа, еден британски лорд го пренесува во Шангај, а во татковината се проширува веста за појавата на Конвеј, кој го загубил сеќавањето. Меѓутоа, откако повторно му се враќа сеќавањето, Коневј успева да му побегне на лордот и повторно се враќа во Тибет. Филмот завршува така што тој пристигнува во Шанги-ла.
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |