Изборно здружение на Јужен Шлезвиг
Изборно здружение на Јужен Шлезвиг (германски: Südschleswigscher Wählerverband, дански: Sydslesvigsk Vælgerforening, севернофризиски: Söödschlaswiksche Wäälerferbånd) — регионална политичка партија во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, во северна Германија. Ги претставува данското и фризиското малцинство.
Изборно здружение на Јужен Шлезвиг Südschleswigscher Wählerverband (германски) Sydslesvigsk Vælgerforening (дански) Söödschlaswiksche Wäälerferbånd | |
---|---|
Водач | Флеминг Мајер |
Национален секретар | Мартин Лоренцен |
Основана | 1948 |
Претходник | Шлезвишко здружение |
Штаб | Norderstraße 76 24939 Фленсбург |
Младина | Млади во SSW |
Идеологија | општествен либерализам заштита на етничко малцинство |
Полит. положба | центар до лев центар |
Меѓународна припадност | ниедно |
Европска припадност | Европски слободен сојуз |
Бои | сина, жолта |
Места во покраинските собранија | 3 / 1.890
|
Ландтаг на Шлезвиг-Холштајн | 3 / 69
|
Мрежно место | |
ssw.de | |
Политика на Германија Политички партии Избори |
Бидејќи партијата претставува национални малцинства, SSW одбива да се определи според политичкиот спектар од лево до десно, но ги води своите политики според нордискиот модел, кој често поддржува силна социјална држава, но од друга страна, поголема слобода на пазарот на труд како во германскиот модел. Застапена е во покраинското собрание на Шлезвиг-Холштајн и неколку окружни и општински совети. Не настапува во сојузните избори од 1965 година.
Како партија за националното данско малцинство во Јужен Шлезвиг, SSW не е предмет на општата обврска за надминување на прагот од 5% освоени гласови за да добие пропорционални места во ниедно покраинско собрание („Ландтаг“) или долниот дом на германското собрание („Бундестаг“). На најновите избори во 2012 година, SSW освоила 4,6% од гласовите и четири места.
На изборите во 2005 година, SSW добила 3,6% (две места). Ова било доволно за SSW да ја држи рамнотежата помеѓу националните партии на левицата и десницата и SSW одбрала да ја поддржи коалицијата на SPD и Зелените, без да се приклучи на самата коалиција. Ова предизвикало критики од CDU и од германските конзервативни кругови, кои тврделе дека откако SSW добиле посебен статус, била обврзана да ги брани само интересите на малцинствата и дека тој статус треба да биде повлечен, ако SSW се однесува како „обична“ партија. Меѓутоа, претставници на SSW инсистирале на целосна вредност на нивните парламентарни места и нивните еднакви права како германски граѓани. Партијата зазела силна позиција за образовните принципи во покраината (укинувањето на традиционалниот германски систем на делење на учениците според академското знаење веќе по четврто одделенија во различни видови на средни училишта). CDU тврделе дека бидејќи постојат одвоени дански училишта, било неразбирливо за SSW самата да се вклучи во работата на јавните училишта.
Бидејќи коалицијата на SPD и Зелените не успеала да создаде влада на следните избори, по што била создадена коалиција на CDU–FDP, а SSW се приклучува на опозицијата.
На покраинските избори во 2012 година, SSW добила 4,6% од сите гласови и добила три места во покраинското собрание.[1] Коалицијата на SPD, Зелените и SSW била создадена во јуни 2012 година и поранешниот парламентарен водач, Анке Спорендонк, бил назначен за министер за култура, правда и европски прашања.[2] Ова било првпат во германската историја, малцинска партија да биде дел од покраинска влада. Новата коалиција имала низа прекари, на пример „Дански семафор“ (Dänen-Ampel), „Семафор на Шлезвиг-Холштајн“ (Schleswig-Holstein-Ampel), „црвено-зелено-сина коалиција“ (rot-grün-blaue Koalition), „Крајбрежен семафор“ (Küstenampel) и „Северен семафор“ (Nord-Ampel).
Наводи
уреди- ↑ „Landtagswahl in Schleswig-Holstein am 6. Mai 2012“ (германски). Статистичка служба за Шлезвиг-Холштајн и Хамбург. 7 мај 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 14 мај 2012.
- ↑ „Dänen-Ampel steht – Albig regiert in Kiel“. Die Welt (германски). 12 јуни 2012. Посетено на 18 јуни 2012.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница Архивирано на 6 јуни 2005 г.
- Млади на SSW Архивирано на 27 февруари 2010 г.